Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири до дипломците и магистрите на ФЕИТ: сте направиле вистински избор на образование, државата има голема потреба од вашите квалитети

Шаќири до дипломците и магистрите на ФЕИТ: сте направиле вистински избор на образование, државата има голема потреба од вашите квалитети

 

Шаќири до дипломците и магистрите на ФЕИТ: сте направиле вистински избор на образование, државата има голема потреба од вашите квалитети

 

Со самиот избор за продолжување на образованието на овој факултет, сте ја направиле најголемата инвестиција во вашите животи. Да се инвестира во знаење и образование е најсигурна и најисплатлива одлука. Вие сте сега личности кои се стекнале со вештини и компетенции, подготвени стручно и професионално да се справуваат со предизвиците на новото време. Кадар сте, кој е баран и дефицитарен на пазарот на трудот, така што сигурен сум дека ќе имате можности за добра заработка и за професионален и кариерен развој.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на промоцијата на новата генерација дипломци и магистри на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, оценувајќи дека токму овој млад и квалификуван кадар ќе даде голем придонес во развојот на државата и нејзиното меѓународно интегрирање од аспект на конкурентност на стопанството, знаењето и технологијата.

Верувам дека голем број матуранти ќе го следат вашиот пример и ова е добра прилика во пресрет на претстојните уписи во високо образование, да упатам порака до нив, доколку имаат афинитети кон електротехниката и информатичката област, да одберат се образуваат на оваа високообразовна установа, за која сум убеден дека и во иднина не само што ќе ги одржува, туку и континуирано ќе ги подигнува стандардите за квалитет на настава и за спроведување на научно – истражувачка дејност“, додаде министерот.

Изрази благодарност до професорите и до сиот кадар кој работи на оваа високообразовна установа, потенцирајќи дека овие нови генерации и сите претходни кои веќе успешно работат во дејноста се потврда за добро исполнетата образовна мисија.

[ вторник, 20 јуни 2023 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar