Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Преку игра и другарување до меѓуетничка соработка

Преку игра и другарување до меѓуетничка соработка

 

Преку игра и другарување до меѓуетничка соработка

 

 

Педесетина ученици од основните училишта „Петар Поп Арсов“ од општина Карпош и „Тефејуз“, општина Чаир, кои наставата ја следат на македонски и турски наставен јазик, имаа заедничко учество во контактно училишна програма „Ѕвон“ во Националниот јавен сервис,како дел од заложбите на министерството за образование и наука за развој и унапредување на мултукултурализмот, интеркултурализмот и меѓуетничката интеграција и соработка.

 

За време на гостувањето, очигледно беше расположението помеѓу учениците од различните етнички заедници во земјава, како и високото ниво на мотивираност и желба од страна на учениците да учествуваат во вакви и други активности кои овозможуваат нивно дружење и „физички контакт“ во позитивна насока и со цел дружење, запознавање и комуникација.

 

Преку заедничкото другарување и запознавање меѓу себе, учениците од двете училишта се уверени дека ќе ги мотивираат и другите училишта во државата да аплицираат за грантовите кои ги доделува МОН со свои активности со цел унапредување на меѓуетничката интеграција и мултикултурализмот, со кој се одликува македонското општество.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar