Активности во април на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“ финансиран од ЕУ, MK IPA 17 SO 01 21

 

 

На почетокот на април Твининг проектот спроведе активност во рамките на компонентата 1 за зајакнување на процесот на обезбедување квалитет на образованието и обуката во контекст на доживотното учење. Активноста 1.2.5 беше една од предвидените активности фокусирани на стандардите за занимање во секторот СОО, што произлегуваат од Западен Балкан. Двете експертки: Дариа Дуиловиќ и Тина Шариќ одржаа дводневна работилница за главните трендови во соработката на регионално ниво, примери на регионални стандарди за занимање, методолошки и организациски пристапи при дизајнот и развојот на СОО засновано на компетенции, имплементација на СОО засновано на компетенции, стажирање, како и оценување на компетенциите во СОО засновано на компетенции. Работилницата овозможи размена на знаења, искуства и предизвици поврзани со развивањето и оценувањето на стандардите за квалификации засновани на компетенции во секторот СОО во Западен Балкан.

 

Фотографии: Дводневна работилница за пристапи при дизајн и развој на СОО засновано на компетенции