Министерство за образование и наука

ЈАВЕН ПОВИК

 

ЈАВЕН ПОВИК за избор на стручно лице за учество во комисија за јавна набака на услуги за изработка и оддржување на Интернет платформа и дигитални интерактивни учебници за основно образование

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на стручно лице за учество во комисија за јавна набака на услуги за изработка и оддржување на Интернет платформа и дигитални интерактивни учебници за основно образование

 

Министерството за образование и наука има потреба од избор и ангажирање на стручно лица за изработка на условите и барањата за следнава услуга:

 Изработка и оддржување на Интернет платформа и дигитални интерактивни учебници за основно образование

Од стручното лице се очекува да:

- Изработи техничка спецификација за предметната јавна набавка;

- Учествува во изготвување на барање за јавна набака;

- Дефинира услови во техничката спецификација и барањето за јавна набака на начин на кој поблиску и поцелосно ќе се запазат принципите од Законот за јавни набавки, односно, конкурентност, еднаков третман, недискриминација, транспарентност, како и рационално и ефикасно искористување на средства во постапка за јавна набавка;

- Одговара на прашања од областа за која ќе биде избран, поставени од страна на економските оператори до комисијата за јавни набавки преку ЕСЈН;

- Учествува во евалуација на понудите поднесени од понудувачите во врска со условите и барањата од техничките спецификации или од описната документација и финансиските понуди во врска со цената и условите утврдени во тендерската документација;

- Подготви извештај за спроведена постапка;

 Услови за аплицирање

 - Да има минимум високо образование од областа на информатички науки/природно математички науки (магистерски или докторски студии се сметаат за предност)

-Да има минимум 10 години континуирано работно искуство во образовниот процес во државата

- Реализирано најмалку 3 проекти во кои се развиени /се развиваат едукативни дигитални материјали или платформи за е-учење (меѓународни ќе се сметаат за предност)

- Познавање на новите и развојни технологии и дигитални платформи и искуство со графичка подготовка и дизајн на учебници 

 Надомест за работа

30.000МКД

Начин на аплицирање

Со доставување на побарана документација во архивата на министерството.

 Рок за аплицирање

Аплицирањето на јавниот повик трае заклучно со 26.04.2023 година до 15,00 часот

Потребни документи

1.     Диплома за високо образование од бараната област – фотокопија

2.     Листа со минат труд од ПИОМ или М1 образец

3.     Докази за проектите: договори, препораки, потврди, сертификати, уверенија, итн.

4.     Кратка биографија (CV).

Напомена

Учесниците во Јавниот повик треба да достават до Министерство за образование и наука покрај документи со кои ги докажуваат условите и кратка биографија (CV)

 

 

Најави / Огласи / Известувања

Back to top
Close Offcanvas Sidebar