Министерство за образование и наука

ЈАВЕН ПОВИК

 

ЈАВЕН ПОВИК за избор на стручно лице за учество во комисија за јавна набака на услуги за печатење и дистрибуција на учебници за основно и средно образование

 

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на стручно лице за учество во комисија за јавна набака на услуги за  печатење и дистрибуција на учебници за основно и средно образование

  

   Министерство за образование и наука   има потреба од избор и ангажирање на  стручно лице за изработка на условите и барањата за следната услуга:

 

- печатење и дистрибуција на учебниците за основно и средно образование.

 

Од стручното лице се очекува да:

   - изработи техничка спецификација за предметната јавна набавка;

  - учествува во изготвување на барање за јавна набака;

  - дефинира услови во техничката спецификација и барањето за јавна набака на начин на кој поблиску и поцелосно ќе се запазат принципите од Законот за јавните набавки, односно, конкурентност, еднаков третман, недискриминација,транспарентност, како и рационално и ефикасно искористување на средства во постапка за јавна набавка;

- одговара на прашања од областа за која ќе бидат избран, поставени од страна на економските оператори до комисијата за јавни набавки преку ЕСЈН;

- учествува во евалуација на понудите поднесени од понудувачите во врска со условите и барањата од техничките спецификации или од описната документација и финансиските понуди во врска со цената и условите утврдени во тендерската документација;

-  да подготви извештај за спроведената постапка;

Услови за аплицирање

- да има минимум високо образование (графички инжинер)

      - да има минимум 10 години работа во струката

- докажано искуство во печатарско прозводство од припрема до печатење со познавање на процесите за печатење (офсет и дигитален)

 

Надомест за работа

30.000 MKD

 

Начин на аплицирање

 Со доставување на побарана документација во архивата на министерството.

 

Рок за аплицирање

Аплицирањето на јавниот повик трае заклучно со 26.04.2023 година до 15,00 часот

 

Напомена

Учесниците во Јавниот повик треба да достават до Министерство за образование и наука освен документи со кои ги докажуваат условите и кратка биографија (CV)

 

Најави / Огласи / Известувања

Back to top
Close Offcanvas Sidebar