Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Стипендии од Министерството за претприемништво и туризам на Романија за академската 2023/2024 година

Стипендии од Министерството за претприемништво и туризам на Романија за академската 2023/2024 година

 

Министерството за образование и наука информира дека Министерството за претприемништво и туризам на Романија започна програма за доделување на 40 стипендии за странски државјани за академската 2023/2024 година.

Сите потребни информации за овие стипендии заинтересираните кандидати можат да ги најдат на официјалната веб-страница на Министерството за претприемништво и туризам на Романија:

http://www.imm.gov.ro/ro/2023/03/30/acordarea-de-burse-de-studii-in-romania-pentru-cetatenii-straini-anul-universitar-2023-2024/

Апликациите за стипендии за академската 2023 – 2024 година може да се поднесуваат во периодот од 1 април до 30 јуни 2023, само во електронски формат, на следнава маил адреса: burse2023@dce.gov.ro

 Изборот ќе се изврши најдоцна до 31 август 2023 година.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar