Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири: Mладите сe повеќе одбираат да изучуваат и работат во областа на информатичко - комуникациските технологии

Шаќири: Mладите сe повеќе одбираат да изучуваат и работат во областа на информатичко - комуникациските технологии

 

Шаќири: Mладите сe повеќе одбираат да изучуваат и работат во областа на информатичко - комуникациските технологии

 

 

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири се сретна со Хира Мемети, полуматурантка во основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Скопје, со која разговараше за нејзините идни планови за продолжување на средното и високо образование во земјава. Деветоодделенката истакна дека себе си се гледа како успешен програмер кој ќе гради професионална кариера во ИТ секторот. Своето образование сака да го продолжи во Математичко – информатичката гимназија.

 

„Имав прилика да разговарам со оваа исклучително талентирана полуматурантка, околу нејзините планови за иднината за продолжување на образовниот процес и градење успешна професионална кариера по завршување на високото образование. Хира покрај редовниот образовен процес и постигнатиот успех во училиште, слободното време го користи за надоградување и стекнување знаења и вештини од областа на информатичките науки. Од тоа што го слушнав, изборот на ИТ областа е тренд помеѓу младите и од нејзината генерација“, вели министерот Шаќири по разговорот со ученичката.

 

Министерството за образование и наука во континуитет креира политики и мерки за стимулирање на учениците за насочување кон средно стручно образование, креира нови образовни профили и го зголемува бројот на дуални паралелки во училиштата во земјата, а воедно и ги поттикнува средношколците своето образование да го продолжат на некој од техничките факултети.

„Давам целосна поддршка на сите млади кои својата иднина ја гледаат во науката, информатичката технологија и машинската индустрија, а дополнително и ќе продолжиме да ги стимулираме да останат и го продолжат својот образовен и професионален развој овде дома, каде што им е и местото. Отворивме Математичко - информатичка гимназија за талентирани млади, а доделуваме и стипендии за талентирани средношколци од овие области, како и стипендии за упис на ИТ факултети. Тоа е иднината и затоа ги советувам сите полуматуранти, во пресрет на уписите во средно да се фокусираат на стручните училишта и секако, понатаму да продолжат на некој од техничките факултети кои ветуваат подобра иднина тука во својата земја“, додава Шаќири.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar