Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Јавен оглас за рецензенти на ракописи за учебници

Јавен оглас за рецензенти на ракописи за учебници

 

Јавен оглас за рецензенти на ракописи за учебници

 

Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/08, 99/09, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14,146/15, 217/15, 30/16 и 21/18), директорот на Педагошката служба, распишува:


Јавен оглас
за рецензенти на
ракописи за учебници


1.Нарачател: Министерство за образование и наука-Педагошка служба, ул.„Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.

 

2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти на ракописи за учебници по предметите:

- Македонски јазик за VI одделение во деветгодишно основно образование,

- Албански јазик за VI одделение во деветгодишно основно образование

- Српски јазик за VI одделение во деветгодишно основно образование

- Турски јазик за VI одделение во деветгодишно основно образование,

- Босански јазик за VI одделение во деветгодишно основно образование,

 

3. Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

- да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и

- да бидат наставници од основно  училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

- уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кандидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),

- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.

потврда за работно искуство  издадена од АВРСМ.

 

4. Пријавените рецензенти кои ги исполнуваат условите од точка 3, може да достават и:

За кандидатите од основно образование

· доказ за стекнато звање наставник-ментор,

· освоени награди како ментор на ученик на државни натпревари организирани од акредитирани здруженија на наставници во основните училишта и  меѓународни натпревари во кој учествуваат најмалку 10 држави,

· просечен успех од најмалку 8 на судиите од прв циклус

· дипломи/сертификати за професионално усовршување на наставниците преку акредитирани програми за обука, проекти одобрени од Министерството за образование и наука

 

За кандидатите од високо образование

· Автор или учесник во подготовка на учебник или поглавие

· Автор или коавтор на научни трудови објавени во меѓународни списанија

· Учество на симпозиум со презентирање научен труд

· Ангажираност како консултант во апликативна дејност

 

5. Сертификатите/уверенијата, како и документите од точка 4 не се услов за прифаќање на пријавата, но рецензентите ќе бидат дополнително бодирани согласно Критериумите за бодирање на пријавените рецензенти кои ги исполнуваат условите од точка 4 став 1 и Критериумите за бодирање на пријавените рецензенти кои ги исполнуваат условите од точка 4 став 2, при нивно рангирање во листата на избрани рецензенти.

Пријавата може да се преземе од следниот линк или да се подигне во Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 28.04.2023 година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.

 

 

[ четврток, 23 март 2023 ] [ 0 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar