Министерство за образование и наука

  / Твининг проект: Понатамошна поддршка за имплементирање на НРК / Активности во февруари на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“ финансиран од ЕУ, MK IPA 17 SO 01 21

Активности во февруари на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“ финансиран од ЕУ, MK IPA 17 SO 01 21

 

 

Според работниот план на Твининг проектот, за февруари 2023 г. беа предвидени три активности. Сите беа реализирани во рамките на компонентата 2 наменета за обезбедување поддршка во понатамошната имплементација и зајакнати капацитети на Националната рамка на квалификации во согласност со рамката за обезбедување квалитет. Првата активност 2.2.2/2 беше последователна мисија за финализирање на предлогот за стандарди за високообразовни квалификации, врз основа на резултатите од учењето и во согласност со Прирачникот за развој на нови квалификации за НРК. Пет експерти од ЗЧ: Видмантас Тутлус (директор на Центарот за стручно образование и истражување при Универзитетот Вутаутас Магнус), Даива Лепаите (доцент на Институтот за образовни науки и раководител на проекти за развој на образованието при Универзитетот Вилниус), Раса Пенкаускиене (раководител на Одделот за институционална ревизија при Центарот за проценка на квалитетот во високото образование), Ана Тецилазиќ (генерален секретар на Универзитетскиот колеџ Алгебра) и Алан Анрие (експерт од Високиот совет за евалуација на истражувањето и високото образование на Франција - Hcéres), се сретнаа со претставници на високообразовните институции, на пазарот на труд и на државните тела, со цел да дискутираат за нацрт-стандардот за квалификација. Во консултација со ЗК беа утврдени приоритетните области и беше одлучено дека стандардот за квалификација за наставната професија ќе биде првиот што ќе се изработи. Плодната дискусија доведе до одредени прилагодувања на стандардот за квалификацијата и финализирање на верзијата што ќе се смета како конечен предлог којшто ќе го разгледува координативната група.

Фотографии: Дискусија со засегнатите страни за финализирање на предлогот за стандарди за високообразовни квалификации

 

 Тридневна обука беше организирана во три различни градови. На обуката присуствуваа претставници од институциите за образование и обука од Скопје, Тетово и Куманово. Г-ѓа Одета Купетиене, експерт за стручно образование и обука го реализираше овој настан за подигање на свеста за развивање на стандарди за занимање и стандарди за квалификација наменет за персоналот од Одделението за НРК, претставници на Одборот за НРК, на секторските совети, претставници на институциите за образование и обука (вклучувајќи ги и јавните и приватните), како и други чинители. Програмата за обука опфати методолошки и процедурални иновации во однос на вклучувањето на стандардите за квалификации/ за занимање во дигиталниот регистар, но исто така опфати и тематски области кои ја поддржуваат имплементацијата на НРК. Приликата се искористи и за да се презентира примената на пристапот на стандардите за занимање и на резултатите од учењето при развивањето програми за обука, при нивното ревидирање и реализација, притоа опфаќајќи и аспекти на внатрешно обезбедување на квалитет и надворешна експертска евалуација. Беа обработени и прашања поврзани со конструктивното усогласување на наставните методи, методите на учење, методите за оценување и системите за поддршка на студентите. Како последна, но не и помалку важна точка, се опфати и специфичноста на обезбедувањето квалитет на е-учењето и признавањето на таквите квалификации.


Фотографии: Еднодневна обука во Куманово, Скопје и Тетово за вклучување на стандардите за квалификации/ за занимање во дигиталниот регистар на НРК

 

Оваа прва мисија од активноста 2.2.3 беше организирана во рамките на компонентата 2 со цел да се поддржи понатамошната имплементација и да се зајакнат капацитетите на Националната рамка на квалификации во согласност со рамката за ОК. Литванскиот експерт Даива Лепаите, доцент на Институтот за образовни науки и раководител на проекти за развој на образованието при Универзитетот Вилниус, беше поканета да даде свој придонес и да ја исполни целта на мисијата преку нудење препораки за формирање работни групи составени од работодавачи, наставен кадар и универзитетски претставници за изработка на стандарди за квалификации, како и преку спроведување на квалитативно истражување на потребите на пазарот на труд во однос на побарувачката за нови вештини и квалификации. Организираните средби со претставници од високото образование од релевантните факултети, претставници на работодавачите и на професионалните организации на наставници, придонесоа кон овој процес и генерираа вредни предлози кои ќе бидат земени предвид при понатамошното развивање на стандардите.

 

Фотографии: Дводневни дискусии со засегнатите страни

 

Овој билтен е изработен со поддршка на Европската Унија. Содржината е одговорност само на Твининг проектот и никако не ги одразува ставовите на Европската Унија.

 

 

Твининг проект: Понатамошна поддршка за имплементирање на НРК

Back to top
Close Offcanvas Sidebar