Врз основа на член 55 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/2010 и 51/2011) и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/2019 и 110/2019), член 12 став 3 и член 14 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република Македонија” бр.98/2008, 99/2009, 83/2010, 36/2011, 135/2011, 46/2012, 24/2013, 120/2013, 29/2014, 146/2015, 217/2015, 30/2016 и 21/2018), Министерството за образование и наука – Педагошка служба, го донесе следното
Р е ш е н и е
за продолжување на рок на Конкурс
за издавање на учебници во деветгодишно основно образование заведен под арх.бр.26-1662/1 објавен на ден 07.12.2022 година
1. Рокот за доставување на ракописи за издавање на учебници во деветгодишно основно образование СЕ ПРОДОЛЖУВА заклучно со 06.03.2023 година.
2. Понудите за учебници кои нема да бидат доставени во утврдениот рок, ќе бидат дисквалификувани.
3. Решението е составен дел на Конкурсот за издавање на учебници во деветгодишно основно образование заведен под арх.бр. 26-1662/1 објавен на ден 07.12.2022 година.
4. Решението стапува на сила веднаш и истото ќе се објави на веб страна на министерство и во медиуми.