Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири оствари средба со новиот Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал

Шаќири оствари средба со новиот Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал

 

Шаќири оствари средба со новиот Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал

 

 

Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во напорите за унапредување на сите општествени сегменти, вклучително и образовниот систем кој е всушност клучниот столб на националната стратегија за развој. Без понуда на квалитетно образование, не може да се создадат граѓани кои ќе бидат креатори и имплементатори на промените што ги наложува новото време и кои мора да се случат заради интегрирање на државата во европското семејство на развиените земји.

 

 

Ова е заклучокот од средбата што денеска ја имаа министерот за образование и наука д-р Јетон Шаќири и новиот Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал, на која се дискутираше за тековните реформски процеси кои ги спроведува МОН, особено во делот на основното образование, но и за идните планови кои ќе бидат поддржани од оваа организација.  

 

Министерот Шаќири рече дека МОН ќе продолжи да гради хармонична училишна средина во која учениците ќе имаат меѓусебна доверба, ќе се почитуваат и нивна заедничка цел ќе биде вложување на стекнатото знаење во напредокот на својата земја.

 

„Меѓуетничката толеранција, почитувањето на различностите, взаемното разбирање, толеранцијата, почитта се вредности кои се интегрирани во новите наставни програми во основното образование, а верувам дека, како и досега Мисијата на ОБСЕ на различни начини ќе даде придонес за целосно нивно ефектуирање во наставата, но и преку воннаставни активности“, рече Шаќири, додавајќи дека следна област за покрупни промени ќе биде средното образование, каде, како што истакна, исто така голема е поддршката од ОБСЕ кои помогнаа во креирањето на новиот предлог Закон за средно образование.

 

 

Амбасадорот Вал кој воедно е добар познавач на приликите во Северна Македонија, имајќи предвид дека повеќе од 20 години работи во регионот, рече дека Мисијата на ОБСЕ ќе даде нов импулс на образовните политики во следниот период и дека освен поддршката преку тековни проекти и активности, ќе се работи и на воспоставување нови соработки со цел зајакнување на улогата на образовните установи.

 

Тој потенцираше дека од особена важност е да се промовира и зајакне интегрираното образование, меѓуетничкото разбирање, демократските вредности, изучувањето на јазиците и генерално интекултурализмот, така што, несомнено дека соработката ќе продолжи и ќе се обезбедат повеќе ресурси за реализација на активностите насочени кон поставените цели.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar