Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири: Го реформираме образованието, ги поттикнуваме учениците да развиваат одговорен однос кон здравјето

Шаќири: Го реформираме образованието, ги поттикнуваме учениците да развиваат одговорен однос кон здравјето

 

Шаќири: Го реформираме образованието, ги поттикнуваме учениците да развиваат одговорен однос кон здравјето

 

 

Образованието има клучна улога во создавањето можности за развивање позитивни обрасци на однесување поврзани со грижата за здравјето на учениците. Затоа и Министерството за образование и наука посветува посебно внимание на оваа тема, и тоа почнувајќи од деветолетката, рече министерот за образование Јетон Шаќири на презентацијата на резултатите од меѓународната студија која ги истражува однесувањата поврзани со здравјето кај децата од училишна возраст.

 

 

„Со новата Концепција за основно образование се овозможува здравствената писменост да се развива низ сите предмети, вклучително и задолжителниот Физичко и здравствено образование. Преку наставни и воннаставни активности, вклучувајќи широка палета на ресурси, наставниците го поттикнуваат и развиваат одговорниот однос кон здравјето како добросостојба“, нагласи Шаќири.

 

Истражувањето што го спроведе Центарот за психо-социјална и кризна акција-Малинска опфати ученици од основни и средни училишта на 11, 13 и 15. годишна возраст. Адолесцентите се изјаснуваа преку анкетни прашалници одговарајќи на прашања поврзани со менталното здравје, навиките во исхраната, прекумерната тежина и физичката активност, социјалното здравје како и сексуално здравје.

 

Министерот Шаќири посочи дека податоците што ги дава истражувањето се важни за повеќе институции, а Министерството за образование и наука ќе ги вклучи во процесот на креирање политики и практики засновани на евиденција, кои имаат за цел унапредување на животот на младите во државата.

 

Осврнувајќи се на улогата на воспитно-образовниот процес како систем кој ги проектира потребите на општеството кај децата и младите, министерот за образование и наука Јетон Шаќири потсети дека основата на секоја земја и на целата цивилизација зависи од воспитувањето на младина. Тој ги повика сите релевантни чинители да придонесат во реализацијата на оваа одговорна мисија, за да можеме, како што рече, сите заедно да израснеме генерации кои ќе бидат гордост на оваа држава. 

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar