Министерството за образование и наука информира дека во текот на вчерашниот ден започна испораката на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование и истата ќе се заокружи во следните две недели.
Станува збор за 52 учебника изработени согласно нови наставни програми и напишани на сите јазици на кои се изведува наставата во основните училишта во државата - македонски, албански, турски, српски и босански јазик. Тие ќе ги заменат наставните материјали кои ги користат најмалите ученици, а ја обработуваат материјата за првото тримесечје.
Веднаш по овој приоритет, продолжува печатењето на повеќе нови учебници за средното стручно образование.
Во меѓувреме, МОН заедно со другите надлежни институции континуирано ќе продолжи да вложува во нови наставни програми и учебници, затоа што тоа е еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно – образовен процес.