Министерот за образование Јетон Шаќири денеска беше во посета на Општина Студеничани која доби нова училишна спортска сала во село Морани, а се работи и на новото основно училиште во населеното место Љубош. Двете капитални инвестиции ги реализира Министерството за образование и наука, за што се одвоени над 70 милиони денари од државниот буџет.
Mинистерот за образование и наука Јетон Шаќири, потенцираше дека во последните неколку години Студеничани значително се урбанизира од сите можни аспекти, а особено инфраструктурно, за што голема заслуга има и раководството на локалната самоуправа, но и Владата на Република Северна Македонија која води политика на подеднаков третман на сите региони и општини, со единствена цел – да се подобри стандардот и квалитетот на живот на граѓаните.