Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Повик за искажување на јавен интерес за формирање на авторски тимови за изработка на ракописи за учебници за IV година средно стручно четиригодишно образование

Повик за искажување на јавен интерес за формирање на авторски тимови за изработка на ракописи за учебници за IV година средно стручно четиригодишно образование

 

 

Врз основа на член 17-а став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува

 

 

ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС

за  формирање на авторски тимови за  изработка на ракописи за учебници  за IV година средно стручно четиригодишно образование

Авторските тимови ќе се формираат за следните наставни предмети:

 

Ред.број

Назив на предметот

Година на изучување

1.

Македонски јазик и литература

IV

2.

Албански јазик и литература

IV

3.

Информатика (изборен)

СТРУКА/СЕКТОР:Сообраќајна/Сообраќај, транспорт и складирање

IV

4.

Физика (изборен)

СТРУКА/СЕКТОР:Градежно-геодетска/Градежништво и геодезија, Електротехничка/Електротехника, Лични услуги/Лучни услуги, Машинска/Машинство, Шумарско-преработувачка/Шумарство и обработка на дрво и  Здравствена/Здравство и социјална заштита

IV

5.

Физика  (изборен)

СТРУКА/СЕКТОР:Геолошко-рударска и металуршка/Геологија, рударство и металургија

IV

6.

Логика

СТРУКА/СЕКТОР:Економско-правна и трговска/Економија, право и трговија

IV

7.

Психологија

СТРУКА/СЕКТОР:Економско-правна и трговска/Економија, право и трговија

IV

 

 

Заинтересираните авторски тимови потребно е да достават пријава за авторски тим  до архивата на Педагошката служба –ул.„Св.Кирил и Методиј„ 54- Скопје, заклучно со 31.08.2022 година. (пријавата може да се преземе тука).

Кон пријавата авторите од авторскиот тим задолжително треба да достават:

-        уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),

-        изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование

Министерството за образование и наука  известува дека ќе склучи договори само со авторските тимови чии ракописи за учебници се одобрени со одлука на Националната комисија за учебници за основно и средно образование.

 

 

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar