Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Соопштение за автори на учебници

Соопштение за автори на учебници

 

СООПШТЕНИЕ

Министерството за образование и наука – Педагошка служба ги известува авторите дека ќе се изврши отварање на дел од шифрите по Конкурсот за издавање на  учебници  во деветгодишно основно образование  и Конкурсот за издавање на учебници  за II година средно стручно четиригодишно образование за следните предмети:

 

1. Македонски јазик за I одделение во деветгодишно основно образование.

2. Турски јазик за I одделение во деветгодишно основно образование,

 

3. Математика за I одделение во деветгодишно основно образование. 

 

4. Природни науки за I одделение во деветгодишно основно образование.

 

5. Македонски јазик за II одделение во деветгодишно основно образование,

 

6. Албански јазик за II одделение во деветгодишно основно образование,

 

 7. Турски јазик за II одделение во деветгодишно основно образование,

 

8. Природни науки за II одделение во деветгодишно основно образование,

 

9. Македонски јазик за IV одделение во деветгодишно основно образование,

 

10. Турски јазик за IV одделение во деветгодишно основно образование

 

11. Математика за IV одделение во деветгодишно основно образование,

 

12.Природни науки за IV одделение во деветгодишно основно образование,

 

13. Турски јазик за V одделение во деветгодишно основно образование,

 

14. Математика за V одделение во деветгодишно основно образование

 

15. Хидротермичка обработка на дрво  II година СТРУКА/СЕКТОР:ШУМАРСКО ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА/ШУМАРСТВО И ОБРАБОТКА НА ДРВО Образовни профили/квалификации: Техничар за обработка на дрво средно стручно четиригодишно образование.

 

16.Експлоатација на патни возила II година, СТРУКА/СЕКТОР:СООБРАЌАЈНА/СООБРАЌАЈ,ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ Образовни профили/квалификации: Техничар за патен сообраќај средно стручно четиригодишно образование.

 

Отварањето на шифрите за горе наведените наставни предмети  ќе се изврши во просториите на Министерството за образование и наука - Педагошка служба  ул.„Св.Кирил и Методиј„ бр.54 - 13 кат на 29.07.2022 година (ПЕТОК) со почеток во 11.00 часот.

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar