Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Интерен оглас број 2/2022

Интерен оглас број 2/2022

 

Врз основа на член 48 став 4 и член 49 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2019, 14/2020 и 215/2021), како и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за образование и наука бр. 04-2497/1 од 23.02.2018 година, бр. 04-2694/1 од 28.02.2018 година, бр. 04-2694/3 од 26.03.2018 година, бр. 04-5011/1 од 18.04.2018 година, бр. 04-5904/1 од 08.05.2018 година, бр. 04-6214/1 од 16.05.2018 година, бр.04-7301/1 од 13.06.2018 година, бр. 04-8833/1 од 20.07.2018 година, бр. 04-9864/1 од 20.08.2018 година, бр. 04-10875/1 од 12.09.2018 година, бр.04-14192/1 од 28.11.2018 година, бр.04-14557/1 од 05.12.2018 година, бр. 04-15647/1 од 27.12.2018 година, бр.04-437/1 од 14.01.2019 година, бр. 04-1610/1 од 04.02.2019 година, бр. 04-5892/1 од 22.05.2019 година, бр. 04-7473/1 од 02.07.2019 година, бр. 04-8611/1 од 01.08.2019 година, бр. 04-10622/1 од 17.09.2019 година, бр. 04-13469/1 од 19.11.2019 година, бр. 04-13795/1 од 25.11.2019 година и бр. 04-15375/1 од 25.12.2019 година, бр. 04-663/1 од 16.01.2020 година, бр. 04-1558/1 од 28.01.2020 година, бр. 04-2121/1 од 05.02.2020 година, бр. 04-2197/1 од 06.02.2020 година, бр. 04-2204/1 од 06.02.2020 година, бр. 04-2729/1 од 14.02.2020 година, бр. 04-5709/2 од 12.06.2020 година,  бр.04-5898/1 од 18.06.2020 година, бр.04-8308/1 од 02.09.2020 година, бр.04-11404/1 од 16.10.2020 година, бр.04-12334/1 од 04.11.2020 година бр. 04-1113/1 од 21.01.2021 година, бр. 04-1797/2 од 01.02.2021 година, бр. 04-2606/1 од 11.02.2021 година, бр. 04-2733/1 од 12.02.2021 година, бр.04-5650/1 од 30.03.2021 година, бр.04-6564/1 од 20.04.2021 година, бр.04-7597/2 од 14.05.2021 година, бр.04-9695/1 од 30.06.2021 година,бр.04-9923/1 од 02.07.2021 година, бр.04-12501/1 од 30.08.2021 година, бр.04-16232/1 од 22.11.2021 година,бр.04-16524/1 од 26.11.2021 годинаи бр.04-17319/1 од 14.12.2021 година, бр.04-6232/4 од 28.12.2021 година, бр.04-739/1 од 20.01.2022година, бр.04-1562/1 од 08.02.2022 година,бр.04-2963/1 од 08.03.2022 година, бр.04-3720/1 од 23.03.2022 година, бр. 04-4726/1 од 13.04.2022 година, бр. 04-6370/1 од 01.06.2022 година и бр. 04-7328/1 од 21.06.2022 година, Министерството за образование и наука објавува:

 

 

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2022

за унапредување на административни службеници

во Министерството за образование и наука

 

                 Министерството за образование и наука објавува Интерен оглас за унапредување на 9 (девет) административни службеници за следните работни места:

              

                 1. УПР0101Б01000, Државен советник за образовни политики - 1 извршител

 

Посебни услови:

-        ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен физика, историски науки или образование

-        најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку десет години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор

 

Општи работни компетенции на напредно ниво:

-учење и развој;

- комуникација;

- остварување резултати;

- работење со други/тимска работа;

- стратешка свест;

- ориентираност кон странките/засегнати страни;

- раководење и

- финансиско управување

 

Посебни работни компетенции:

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),

-        активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

-        положен испит за административно управување

 

Распоред на работното време:                                                                                       

Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок

Платата за работното место е во паричен нето износ од 39.150,00 денари.

 

2. УПР0101Б04000, Раководител на одделение за финансирање на средно образование и кариерен развој, во Oдделение за финансирање на средно образование и кариерен развој во Сектор за средно образование, образование на возрасни и доживотно учење - 1 извршител

 

Посебни услови:

-        ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, географија или економски науки

-        најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор,

 

Општи работни компетенции на напредно ниво:

- учење и развој;

- комуникација;

- остварување резултати;

- работење со други/тимска работа;

- стратешка свест;

- ориентираност кон странките/засегнати страни;

- раководење и

                      - финансиско управување

 

Посебни работни компетенции:

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),

-        активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

-        положен испит за административно управување

 

Распоред на работното време:                                                                                       

Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок

Платата за работното место е во паричен нето износ од 30.057,00 денари.

 

3. УПР0101В01000, Советник за ученици со посебни образовни потреби, во Oдделение за основно образование во Сектор за основно образование - 1 извршител

 

Посебни услови:

-        ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен филозофија, образование или психологија

-        најмалку три години работно искуство во струката,

 

Општи работни компетенции на средно ниво:

-        решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

-        учење и развој;

-        комуникација;

-        остварување резултати;

-        работење со други/тимска работа;

-        стратешка свест;

-        ориентираност кон клиенти/засегнати страни и

-        финансиско управување

 

Посебни работни компетенции:

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),

-        активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

 

Распоред на работното време:                                                                                       

Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок

Платата за работното место е во паричен нето износ од 26.566,00 денари.

 

4. УПР0101Б04000, Раководител на одделение за координација на јавни набавки, во Oдделение за координација на јавни набавки во Сектор за организациони и инвестициони работи на Министерството - 1 извршител

 

Посебни услови:

-        ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен правни науки или образование

-        најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор,

 

Општи работни компетенции на напредно ниво:

- учење и развој;

- комуникација;

- остварување резултати;

- работење со други/тимска работа;

- стратешка свест;

- ориентираност кон странките/засегнати страни;

- раководење и

                      - финансиско управување

 

Посебни работни компетенции:

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),

-        активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

-        положен испит за административно управување

 

Распоред на работното време:                                                                                        

Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок

Платата за работното место е во паричен нето износ од 30.057,00 денари.

 

5. УПР0101В01000, Советник за поддршка на јавните набавки, во Oдделение за координација на јавни набавки во Сектор за организациони и инвестициони работи на Министерството - 2 извршители

 

Посебни услови:

-        ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен политички науки, образование, правни науки, економски науки или организациони науки и управување (менаџмент)

-        најмалку три години работно искуство во струката,

 

Општи работни компетенции на средно ниво:

-        решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

-        учење и развој;

-        комуникација;

-        остварување резултати;

-        работење со други/тимска работа;

-        стратешка свест;

-        ориентираност кон клиенти/засегнати страни и

-        финансиско управување

 

Посебни работни компетенции:

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),

-        активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

 

Распоред на работното време:                                                                                       

Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок

Платата за работното место е во паричен нето износ од 26.566,00 денари.

 

6. УПР0101Г01000 Самостоен референт за информатичката дејност, во Одделение за информатичка поддршка во Сектор за организациони и инвестициони работи на Министерството - 1 извршител

 

Посебни услови:

-        ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование: гимназија, информатичар или електротехничар за телекомуникации

-        најмалку три години работно искуство во струката

 

Општи работни компетенции на основно ниво:

-        учење и развој;

-        комуникација;

-        остварување резултати;

-        работење со други/тимска работа;

-        ориентираност кон странките/засегнати страни; 

-        финансиско управување;

 

Посебни работни компетенции:

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),

-        активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

 

Распоред на работното време:                                                                                        

Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок

Платата за работното место е во паричен нето износ од 18.845,00 денари

 

7. УПР0101В01000, Советник за спроведување на постапка за одобрување на учебници, во Одделение за  одобрување на учебници во Сектор за учебници и педагошко советување, во Педагошка служба - 1 извршител

 

Посебни услови:

-        ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, правни науки или економски науки

-        најмалку три години работно искуство во струката

 

Општи работни компетенции на средно ниво:

-        решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

-        учење и развој;

-        комуникација;

-        остварување резултати;

-        работење со други/тимска работа;

-        стратешка свест;

-        ориентираност кон клиенти/засегнати страни и

-        финансиско управување

 

Посебни работни компетенции:

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),

-        активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

 

Распоред на работното време:                                                                                       

Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок

Платата за работното место е во паричен нето износ од 26.566,00 денари.

 

8. УПР0101В01000, Советник за анализа на податоци за учебници, во Одделение за  за  издавање и набавка на учебници во Сектор за учебници и педагошко советување, во Педагошка служба - 1 извршител

 

Посебни услови:

-        ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен машинство, образование или социјална работа и социјална политика

-        најмалку три години работно искуство во струката

 

Општи работни компетенции на средно ниво:

-        решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

-        учење и развој;

-        комуникација;

-        остварување резултати;

-        работење со други/тимска работа;

-        стратешка свест;

-        ориентираност кон клиенти/засегнати страни и

-        финансиско управување

 

Посебни работни компетенции:

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),

-        активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

 

Распоред на работното време:                                                                                       

Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок

Платата за работното место е во паричен нето износ од 26.566,00 денари.

 

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните

 

Општи услови: 

-        да е државјанин на Република Северна Македонија;

-        активно да го користи македонскиот јазик;

-        да е полнолетен;

-        да има општа здрваствена способност за работното место и

-        со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

 

                 На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Министерството за образование и наука, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за образование и наука, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:

 

-        да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,

-        да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

-        да поминал најмалку две години на исто ниво и

-        да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

 

Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Министерството за образование и наука до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси coveckiresursi@mon.gov.mk.

 

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази

-        потвдри за успешно реализирани обуки и/или

-        потврди за успешно реализирано менторство

 

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страницата на Министерството за образование и наука.

 

Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава нема да биде разгледана.

 

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

 

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar