Министерство за образование и наука

  / Твининг проект: Понатамошна поддршка за имплементирање на НРК / Активности на Твининг проектот финансиран од Европската Унија „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка за квалификации“ MK IPA 17 SO 01 21

Активности на Твининг проектот финансиран од Европската Унија „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка за квалификации“ MK IPA 17 SO 01 21

 

Билтен, aвгуст 2022

 

Во текот на август, и покрај летната сезона на одмори во земјата корисник, проектниот тим продолжи со спроведување на активностите согласно зацртаниот план.

Во рамките на подготовките за редовниот состанок на Управниот одбор, беше одржан состанок за планирање со раководителите на компонентите, раководителот на проектот од земјата корисник и соработникот од земјата корисник на резидентниот твининг советник, за да се разгледа планот на активности за следните 6 месеци од имплементацијата на проектот пред истиот да се презентира пред Управниот одбор за одобрување.

Како дел од Активноста 1.2.1, проектниот тим доби повратни информации од засегнатите страни за првиот нацрт на Прирачникот изработен во текот на првата мисија на Активноста 1.2.1. Со цел да го презентира Прирачникот и да поттикне дискусија за добиените повратни информации, на 29 и 30 август, проектниот тим организираше две работилници со претставници на земјата корисник одговорни за обезбедување квалитет и управување со Националната рамка за квалификации (НРК) во стручното образование и обука (СОО) и високото образование (ВО). На работилниците учествуваа експерти вклучени во изработката на Прирачникот, меѓу кои Видмантас Тутлис, Аурелија Валеикиене, Брижит Буке, Славица Черноша, како и претставници од Центарот за образование на возрасните, Центарот за стручно образование и обука, Одборот на НРК, Државниот просветен инспекторат, Бирото за развој на образованието, Агенцијата за квалитет во високото образование, Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, Одборите за евалуација и акредитација и Одделението за високо образование при Министерството за образование и наука (МОН).

Во текот на работилниците беа добиени образложени повратни информации од релевантните чинители и беа идентификувани понатамошните приоритети. Работата на Прирачникот ќе продолжи во текот на септември за да се вклучат соодветните повратни информации и да се изготви конечната верзија. По барање на корисниците, Прирачникот ќе биде достапен во дигитална и во печатена верзија.

 

По барање на корисниците на Проектот, проектниот тим го комплетираше и преводот на два важни документи. Преводот на документот „Стандарди и насоки за обезбедување квалитет во Европскиот простор за високо образование“ (ESG) беше разгледан и корегиран, додека преводот на документот „Меѓународна стандардна класификација на образованието – Подрачја на образование и обука 2013 (ISCED-F 2013) – Детални описи на подрачјата“ беше финализиран и е во фаза на ревизија. Документот ISCED-F 2013 претставува рамка за прибирање, средување и анализа на меѓунационално споредливи статистички податоци за образованието и претставува референтна класификација за организирање на образовни програми и сродни квалификации по образовни нивоа и подрачја.

Овој Билтен е изработен со поддршка на Европската Унија. Содржината е одговорност само на Твининг проектот и никако не ги одразува ставовите на Европската Унија.

 

Твининг проект: Понатамошна поддршка за имплементирање на НРК

Back to top
Close Offcanvas Sidebar