Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири: Инклузијата на лицата со попреченост е процес кој мора да се надградува и подобрува

Шаќири: Инклузијата на лицата со попреченост е процес кој мора да се надградува и подобрува

 

Шаќири: Инклузијата на лицата со попреченост е процес кој мора да се надградува и подобрува

 

Во секторот со кој раководам, во изминативе години е постигнат голем напредок во инкузијата на учениците со попреченост, но иако имаме направено низа активности за вклученоста на децата со посебни образовни потреби во училиштата, сепак треба уште многу да се работи на ова поле. Инклузијата на лицата со попреченост е процес кој мора да се надградува, да се подобрува, со цел сите да добијат исти можности за образование.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на промоцијата на програма за инклузија на лицата со попреченост и анализата на состојбата на правата на лицата со попреченост, во организација на УНИЦЕФ.

- Нешто за што посебно сум горд е зголемување на бројот на ученици со попреченост во основните училишта, кој за споредба со учебната 2019/2020 година е зголемен за 4,5%. Оваа бројка не е максимумот кој треба да се постигне, верувам дека со секој нов ученик со инвалидност кој ќе се запише во училиште ги уриваме стереотипите дека истите не можат да постигнат нешто во животот, изјави Шаќири.

Осврнувајќи се на образованието на лицата со посебни образовни потреби, министерот потенцираше дека изминатата учебна година, МОН ангажираше 500 персонални асистенти за учениците со попреченост, а истовремено се вработени 49 специјални едукатори и рехабилитатори во основните редовни училишта и училиштата со ресурсни центри во насока на поддршка на учениците со попреченост и на наставниот кадар.

– За основните училишта со ресурсни центри, беа обезбедени средства за набавка на опрема и дидактички средства како поддршка на инклузивното образование. Во рамки на програмата „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, доделени се и 287 стипендии за деца со попреченост коишто се вклучени во редовното образование, за прво и второ одделение, се со цел да се поддржат семејства и учениците со основните материјали коишто им се потребни, додаде министерот.

[ среда, 22 јуни 2022 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar