Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на ова право, дека рокот за достава на документите до Министерството за образование и наука почнува на 01.10.2022 и трае до 30.10.2022 година.
Корисникот на стипендија треба да достави:
1.Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање.
2.Уверение за положени испити со успех од претходните години.
3.УППИ образец за предвидени и положени испити со успех од претходните години, како докази дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија.
Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk
За било каква информација или прашање обратете се на електронската пошта studentski.stipendii@mon.gov.mk