Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Започна изработката на нов Закон за средно образование, одржана првата средба на работната група под водство на МОН

Започна изработката на нов Закон за средно образование, одржана првата средба на работната група под водство на МОН

 

Започна изработката на нов Закон за средно образование, одржана првата средба на работната група под водство на МОН

 

Преку инклузивен процес со учество на претставници од повеќе институции и организации, започнува изработката на новиот Закон за средното образование кој треба да обезбеди повеќе права и можности за учениците и наставниците од средните училишта и генерално да ги унапреди состојбите во оваа област.

 

Работната група формирана со одлука на министерот за образование и наука денеска ја одржа својата прва средба на која беше потенцирана потребата за изработка на нов закон, имајќи предвид дека постојниот е донесен во 1995 година со бројни измени и дополнувања во меѓувреме, а беше договорена и методологијата за работа и временската рамка во која законското решение треба да биде изработено.

 

Претставниците на ресорното министерство во следниот период ќе соработуваат со Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, Државниот испитен центар, претставници на средните училишта, УСАИД, ОБСЕ и УНДП. Поддршка е обезбедена и од Сојузот на специјалните едукатори и рехабилитатори на Северна Македонија, наставничките факултети, УНИЦЕФ, но и други страни од интерес од кои се очекува придонес во креирање на најдоброто законско решение. 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar