Државната канцеларија на Северна Рајна-Вестфалија известува дека Северна Рајна-Вестфалија повторно ја спонзорира Летната академија на ОН на колеџот за персонален систем на Обединетите нации (УНССЦ) за глобалните цели за одржливост од Агендата 2030, која и оваа година ќе се одржи виртуелно од 27 јуни до 1 јули 2022 година.
Покраината Северна Рајна-Вестфалија го поддржува доделувањето на вкупно 62 стипендии, при што ќе ја финансира таксата за петдневното виртуелно учество на добитниците на стипендијата.
Со особено внимание ќе се разгледуваат пријавите од партнерските земји и региони на Северна Рајна-Вестфалија како што е Република Северна Македонија.
УНССЦ ги охрабрува заинтересираните да учествуваат на Летната академија на ОН со регистрација на следнава страница: http://bit.ly/UNSA_2022
Крајниот рок за пријавување е 13 мај 2022 година.
Прилог: повик за доделување на стипендии од Северна Рајна-Вестфалија.