Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Средношколци од Скопје работат на минијатурен болид со погон на компримиран воздух и ќе го презентираат на натпревар по технологија и инженерство во Лондон

Средношколци од Скопје работат на минијатурен болид со погон на компримиран воздух и ќе го презентираат на натпревар по технологија и инженерство во Лондон

 

Средношколци од Скопје работат на минијатурен болид со погон на компримиран воздух и ќе го презентираат на натпревар по технологија и инженерство во Лондон

 

Група ученици од СУГС „Орце Николов“ од Скопје креираат минијатурен болид по примерот на моделите во Формула 1 кој ќе работи со погон на компримиран воздух и истиот ќе го претстават на натпреварот Aramco Formula 1 schools World Finals 2022, што ќе се одржи во јули годинава во Лондон.

Ова е прво учество на ученици од Северна Македонија на престижниот меѓународен натпревар за дизајнирање, тестирање и изработка на најбрз мини болид, кој им овозможува на учесниците да развиваат академски и животни вештини со кои се зголемува нивната вработливост, како и да започнат и развиваат кариера во инженерската индустрија.  

Дел од учениците кои го сочинуваат тимот што ќе настапува под името AERTH Racing остварија средба со претставници на Министерството за образование и наука на која го претставија својот труд. На состанокот му беше посакан успех на ученичкиот тим и беше потенцирано дека државата има потреба и секогаш ќе се гордее со вакви талентирани, креативни и иновативни млади луѓе кои всушност значат иднина и општествен просперитет.  

Меѓу членовите на средношколскиот тим е и ученичката Мила Перинска која ја има улогата на дизајнер и со својот пример претставува мотивација за сите други средношколци, посебно за девојчињата да се насочат кон STEM (science, technology, engineering and math), како најбарана професија на пазарот на трудот. 

 

 

Aramco Formula 1 schools World Finals 2022 е најголемиот СТЕМ натпревар на светот кој се одржува секоја година започнувајќи од 1999 година. Годинава ќе се одржи во периодот од 9ти до 15ти јули, а ќе се натпреваруваат учесници од 50 земји.

 

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar