Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири: Дигитализација на образованието е услов за дигитална трансформација на општеството

Шаќири: Дигитализација на образованието е услов за дигитална трансформација на општеството

 

Шаќири: Дигитализација на образованието е услов за дигитална трансформација на општеството

 

Образованието денес треба да ги подготви децата и младите за иднината заснована врз дигитална технологија. За Министерството за образование и наука, пандемијата беше импулсот за забрзување на дигитализацијата. Со воведувањето на националната платформа за далечинско учење, која во oд се надоградуваше се овозможи успешно премостување на неможноста за настава со физичко присуство, нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири на тркалезната маса „Дигитализација на високо  образование - предизвици и можности за македонскиот образовен систем“ којашто Младинскиот образовен форум МОФ ја организира во рамки на проектот „Студентска акција за дигитализирани образовни услуги“ поддржан од Фондација Метаморфозис.

 

Во тек е изработка на Стратегија за дигитализација која ќе ги утврди приоритетите што во оваа сфера ги имаме како држава, а министерот Шаќири рече дека дигитализација на образованието е услов за дигитална трансформација на општеството.

 

 

„Со новата концепција за основното образование, дигитализацијата во образованието се издигна на повисоко рамниште, како доближување до глобалните трендови на квалитетно образование. Од почетокот на оваа учебна година, во примена се новите дигитални материјали за учење, согласно новите наставни програми за четврто одделение. Следната учебна година интерактивни материјали ќе користат учениците од петто одделение, а етапното воведување е во согласност со развиеноста на вештините за примена на ИТ-технологија и на електронски алатки. И во училниците воведуваме современа ИТ технологија, интерактивни табли и други помагала кои овозможуваат поквалитетна настава“, посочи Шаќири.

 

Тој укажа дека образовните системи чии ученици постигнуваат високи резултати на меѓународните тестирања се оние каде информатичко-комуникациската технологија масовно се користи во воспитно-образовниот процес. Цел на МОН е подигнување на квалитетот на образованието, создавање мотивирани ученици, со добри ИТ вештини, дигитално писмени и добро подготвени за влез во сферата на академското образование.

 

„Фактот што најголем дел од универзитетите и факултетите преминаа кон онлајн учење покажа дека и во високото образование е направен исчекор во дигитализација. Со оглед на академската автономија, високообразовните установи можат индивидуално да вложуваат во натамошните процеси на дигитализација. Како министерство, овие процеси можеме да ги поттикнуваме, на пример и преку вложувања за наука, кои се неколкукратно зголемени. Преку јавни повици доделуваме финансиски средства за поддршка на лабораториските ресурси со кои располагаат високообразовните и научните установи и посебно за реализација на научни проекти. Во овие рамки, високообразовните институции имаат можност за забрзување на дигитализацијата“, рече министерот Шаќири.

 

МОН преку политиките на стипендирање инвестира во подготовка на студентите за вклучување во дигиталната иднина.

 

На настанот беше презентиран документот за јавни политики “Дигитализација на високото образование - предизвици и можности“ и дигиталната алатка развиена од победничкиот тим на хакатонот организиран од МОФ.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar