Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Спонзорство за дизајнери за натпревар по дизајн „A’ Design Award & Competition“

Спонзорство за дизајнери за натпревар по дизајн „A’ Design Award & Competition“

 

Амбасадата на Република Северна Македонија во Рим известува за можноста за добивање на спонзорство за дизајнери - претставници од Република Северна Македонија во натпреварот за дизајн A’ Design Award & Competition“ во организација на A’ Design Award, каде преку промовирање на културата, архитектурата и дизајнот на земјите учеснички ќе биде препознаенo и промовиранo најдоброто дизајнерско дело од сите индустрии на земјите учеснички.

 

Организаторот нуди спонзорство за 300 дизајнери од секоја земја, вклучително и од нашата, кои би се натпреварувале во 100 категории – по 3 претставници во секоја категорија, номинирани од Министерството за култура, Министерството за образование и наука и други релевантни институции од Република Северна Македонија.

 

Менаџер за односи со јавност е Лаура Сфилигои која може да биде контактирана на е-маил адреса:  laura.sfiligoi@designaward.com или на телефон + 393 2074571112.

 

Повеќе информации на : https://competition.adesignaward.com/call-for-entries

Крајниот рок за пријавување е 28 февруари 2022 година.

 

 

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar