Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири: Универзитетот во Тетово успешно функционира, расте и се развива веќе 27 години

Шаќири: Универзитетот во Тетово успешно функционира, расте и се развива веќе 27 години

 

Шаќири: Универзитетот во Тетово успешно функционира, расте и се развива веќе 27 години

 

Универзитетот во Тетово одлично функционира и во услови на пандемија, односно добро ја прилагодил работата на овие вонредни околности и подеднакво се грижи не само за заштита на јавното здравје, туку и го одржува квалитетот на образовниот процес на високо ниво.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири за време на денешната посета на тетовскиот државен универзитет, каде на состанок со ректорската управа се запозна со тековното работење на високообразовната установа.

„Од она што го видов и можам да го заклучам, универзитетот добро го менацира образовниот процес во услови кога пандемијата го отежнува функционирањето на целото општество, па и на воспитно - образовниот систем. Универтзитетот работи по протоколи, го штити здравјето на студентите и на професорите, а истовремено се труди не само да го задржи квалитетот на образовниот процес, туку и дополнително да го подигне“, рече министерот Шаќири, додавајќи дека тоа е особено важно, затоа што  конкуренција мора да има во секакви услови и во секое време, бидејќи таа го развива квалитетот на националниот образовен систем.

„Јас верувам дека овој универзитет кој успешно функционира, расте и се развива веќе 27 години, но и сите останати ќе го задржат ентузијазмот во овој кризен период и ќе продолжат да создаваат генерации од кои очекуваме придонес кон развојот на државата, генерации кои ќе бидат добро подготвени, ќе ги преземаат постепено улогите на возрасните и ќе бидат носители на општествените текови, процеси и промени“, потенцираше Шаќири.

Министерот информираше дека посетата на Универзитетот во Тетово е дел од агендата за посета на високообразовните установи во државата, која како што рече, планира да ја реализира во следниот период, а заради остварување на непосреден контакт и запознавање со работата, но и со предизвиците со кои се соочуваат установите кои создаваат академски и научен кадар.

„Да видиме што и како можеме да помогнеме, заеднички да најдеме начини и решенија тие предизвици да се надминуваат, затоа што нивната работа е висок општествен интерес“, додаде министерот.  

[ среда, 26 јануари 2022 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar