Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јетон Шаќири ја презема функцијата министер за образование и наука

Јетон Шаќири ја презема функцијата министер за образование и наука

 

Јетон Шаќири ја презема функцијата министер за образование и наука

 

Денеска Јетон Шаќири ја презема функцијата министер за образование и наука од досегашната министерка Мила Царовска а кратката средба беше искористена за запознавање со актуелните состојби во Министерството.

 Царовска му посака успешна работа на Шаќири во натамошниот развој на националниот образовен систем.

„Ќе продолжиме да ја имплементираме програмата на Владата во областа на образованието и науката. Тоа ќе го правиме како и досега, во соработка со сите чинители“, потенцираше Шаќири.

 

Царовска истакна дека во изминатиот период се заложи за нов пристап во наставата со цел таа да биде интерактивна и креативна. Започна етапното воведување на нови наставни програми и современи материјали за учење базирани на интеркултурализам, еднаквост и недискриминација. Се забрза процесот на дигитализација, училиштата се опремени со современа информатичка опрема, и истовремено се дигитализини голем дел од услугите во областа на образованието.

Новиот министер Шаќири, кој досега беше на чело на Министерството за информатичко општество и администрација, нагласи дека образованието е комплексна област каде политиките и активностите креираат генерации кои ќе бидат носители на идниот развој на државата.

 

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar