Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент за академската 2021-2022 година

Конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент за академската 2021-2022 година

 

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11 и Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19) и член 3 од Законот за поддршка на млади при купување на музички инструменти („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/18) Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија распишува

 

КОНКУРС ЗА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ЗА КУПЕН МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТ ЗА АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА

 

Министерството врши поврат на дел од исплатените средства за купен музички инструмент во висина од 75% од исплатените средства, но не повеќе од 100.000 денари по инструмент, за купени 25 музички инструменти од страна на редовни студенти запишани на државните високообразовни установи каде се остваруваат студиски програми од областа на музиката.

 

 

 

Со право на поврат на средства се стекнуваат студентите кои ги исполнуваат следниве услови:

  1. Да се државјани на Република Северна Македонија;
  2. Да се редовни студенти со заверен семестар во втора, трета или четврта година на државните високообразовни установи каде се остваруваат студиски програми од областа на музиката;
  3. Да немаат претходно користено средства за купен музички инструмент од страна на Министерството;
  4. Да имаат постигнато просечен успех од најмалку осум (8,00) во текот на претходните години од студирањето;
  5. Да имаат оценка десет (10.00) по главниот предмет, а студентите запишани на музичка теорија и педагогија да имаат оценка десет (10.00) по предметот пијано;
  6. Да имаат најмалку една награда од музички натпревар или конкурс, или да учествувале најмалку на еден јавен настап (самостоен концерт, рецитал, полурецитал, или солистички настап со ансамбл) и
  7. Вкупните месечни примања на родителите - старатели на студентот, да се помали од четири просечно исплатени нето-плати по вработен за последните три месеци, а утврдени од Државниот завод за статистика.

 

НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на https://e-uslugi.mon.gov.mk/ а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (барање за поврат на средства) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука, (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), почнувајќи од 20.12.2021 година. Потребните документи за доставување се следните:

 

 

  1. Барање за поврат на средства - само за кандидатите што ќе аплицираат хартиено;
  2. Уверение за државјанство;
  3. Потврда за редовен студент запишан во втора, трета или четврта година на државните високообразовни установи каде се остваруваат студиски програми од областа на музиката;
  4. Уверение со бројот на предвидени и положени испити од претходните години, и Заверен образец „УППИ“;
  5. Изјава за семејната положба на студентот;
  6. Изјава за користење на личните податоци на студентот и неговите родители - старатели, со која се согласуваат Министерството по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка;
  7. За студентите со разведени родители се доставува доказ за разводот и доколку студентот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход;
  8. Потврди за остварена плата на неговите родители - старатели за последниот месец пред објавување на Конкурсот или доколку за овој месец не е исплатена плата да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите/старателите вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите/старателите вработени во приватни фирми да се достави потврда за плата, како и заверена декларација за прием на платата);
  9. Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за студентот и неговите родители – старатели;
  10. За пензионираните родители - старатели се доставува документ за висина на пензија – чек;
  11. За корисници на социјална помош се доставува последното решение или последниот чек;
  12. Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок за двајцата родители/старатели на кандидатот поединечно, од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија
  13. Награди од музички натпревари и јавни настапи кои се доставуваат како доказ во оригинал или копија заверена на нотар.

 

Дополнителни информации:

Министерот формира комисија за разгледување на пристигнатите барања од студентите и утврдување на исполнетоста на условите од овој закон, составена од три члена од Министерството, два члена од редот на професорите во државните високообразовни установи каде се остваруваат студиски програми од областа на музиката и два члена од истакнатите стручњаци од областа на музичката уметност во Република Северна Македонија.

 

 

Подетални информации за условите и критериумите можат да се добијат во Министерството за образование и наука Ајтен Иљази, e-mail: ajten.iljazi@mon.gov.mk

 

Последниот рок за поднесување на пријавите е 18.2.2022 г.

 

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar