Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Со инвестиција од МОН се подобруваат условите за настава на 260 ученици, Царовска во посета на општинското основно училиште во Липково

Со инвестиција од МОН се подобруваат условите за настава на 260 ученици, Царовска во посета на општинското основно училиште во Липково

 

Со инвестиција од МОН се подобруваат  условите за настава на 260 ученици, Царовска во посета на општинското основно училиште во Липково

 

Министерството за образование и наука изминатиот период освен што се фокусираше на спроведување на темелни реформски процеси во основното образование, но и на обука на квалитетен наставен кадар, ги зајакна и инвестициите во училишните објекти во секоја општина и населено место, со цел да ги подобри условите за настава на секое дете. Со овие инвестиции вложуваме директно во децата, во младите, во сегашните и идните генерации.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска која денеска заедно со градоначалникот Еркан Арифи и пратеникот Арбер Адеми го посетија ООУ ,,Дитурија” во Општина Липково, каде се во тек градежни работи за санација на фасада на објектот и реновирање на санитарните јазли и внатрешноста.

„Со вкупна инвестиција во износ од околу 9,5 милиони денари, средства од Министерството за образование и наука обезбедуваме подобри услови за настава на 260 ученици од прво до девето одделение во Липково. Со овој проект за санација, на училишната зграда, треба да се овозможат и создадат услови за нормално одвивање на наставниот процес, како и да се вградат материјали според сите важечки стандарди и нормативи и исполнување на услови за енергетска ефикасност, како што доликува на современите  училишни објекти”, рече Царовска.

Царовска посетата ја искористи и за средба со директорот, наставниците и учениците со кои поразговара за реформски процеси што ги започнавме во основното образование, и од она што тие го кажаа, се’ тече според планот и предвидената динамика.

„Овој и уште многу други проекти на централната власт се доказ повеќе, дека работиме посветено за секоја една општина во нашата земја, за секое дете за секој граѓанин.
Тоа се гледа и во нашата заложба како Министерство во зголемените на над 1 милијарда денари за капитални инвестиции, во делот на образованието, средства кои ги насочуваме и градиме по план во интерес на секое дете во општините кадешто е најмногу потребно. Посакувам успешна и навремена реализација на реконструкцијата и санацијата и убедена сум дека од резултатот ќе бидат задоволни сите”, рече Царовска.

[ вторник, 14 декември 2021 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar