Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Јавен повик за доделување на грантови за основните и јавните средни училишта

Јавен повик за доделување на грантови за основните и јавните средни училишта

 

Со цел промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на  почитување на разликите, а притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент, Министерсвото за образование и наука објавува јавен повик за доделување на грантови за основните и јавните средни училишта кои ке реализираат, заеднички  ученички активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката  интеграција и толеранцијата. Активностите можат да се реализираат самостојно во училиште во кое наставата се реализира на повеќе наставни јазици  или во партнерство со друго училиште.

Грантови во висина до 30.000,00 денари ке бидат доделени на 95  училиштата (70 основни училишта и 25 средни училишта) кои ќе бидат селектирани со рангирање од Комисија за вреднување на пристигнатите апликации согласно одредените критериуми.

Аплицирањето трае до 03.12.2021 година.

Ги охрабруваме училиштата да аплицираат со проекти за заеднички активности меѓу учениците кои реализираат настава на различни наставни јазици на  на следниот линк:

 

Линк до повикот за грантови, кој сега е достапен на Ms. Forms: https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=QSfKBfwhf06hy-c2FzfhPHSBQFXzFztLkmNGvOGmjUBUOVhOMktIUEQxRzZZNzNSTDlXTkxMNTdYUi4u

За аплицирање на Јавниот повик кој е поставен на MC Forms, потребно е училиштата да бидат најавени со официјалните кориснички сметки на @schools.mk

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar