Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: Расте интересот за стручното образование, младите ги препознаваат можностите што ги нуди

Царовска: Расте интересот за стручното образование, младите ги препознаваат можностите што ги нуди

 

Царовска: Расте интересот за стручното образование, младите ги препознаваат можностите што ги нуди

 

Во средното училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка оваа учебна година има повеќе учениците запишани во средното стручно образование. Благодарение на „Учи паметно, работи стручно“ и конструктивниот дијалог со локалните самоуправи, стопанските комори и средните училишта, од вкупно 145 ученици, 92 се запишани во стручни паралелки, а 54 во гимназиските. Отворени се 4 дуални паралеки- за машински техничар, електротехничар за комјутерска техника и автоматика, угостителски техничар и автомеханичар, како и една стручна паралека за медицински сестри за која е воспоставена соработка со здравствениот дом во општината. Ова го нагласи министерката за образование и наука Мила Царовска по посетата на средното општинско училиште, каде директно од наставниците и учениците беше информирана за текот на наставата на стартот на учебната година.

Министерката посочи дека успешно завршените програми од стручните профили им овозможуваат на младите брзо вклопување на пазарот на трудот, затоа што во текот на школувањето се оспособуваат за работа согласно барањата на компаниите.

„Младите ги согледаа придобивките од стручното образование и затоа одлучија да го продолжат образованието токму тука, затоа што им се отвораат многу можности. Свесни се дека веднаш по завршувањето на стручното образование имаат поголеми шанси за брзо вработување, бидејќи на компаниите им недостига квалификуван стручен кадар. Ги повикувам и сегашните деветто одделенци, кои имаат цела година да размислат каде ќе продолжат да учат, одлуката да ја донесат согласно своите афинитети но и да ја проценат вредноста на дуалното образование, кое вклучува  практична работа директно во компании, во реална работна средина. Тоа ги подготвува не само за вработување веднаш по школувањето, туку им нуди и подобар старт за запишување на некои од техничките факултети“, рече министерката Царовска.

Како резултат на “Учи паметно, работи стручно“ оваа учебна година бројот на дуални паралелки во државата од 11 е зголемен на 97, а во средно техничко образование се запишаа 1.400 ученици, што е за 6 % повеќе од минатата учебна година. Унапредувањето на средното стручно образование е еден од приоритет на кој МОН  посветено работи. Заложбите за создавање на подобро стручно образование, но и привлекување на учениците кон стручната подготовка се манифесираат и преку променетите политики за стипендирање. За учебната 2021/2022 се предвидени 2.200 стипендии за учениците запишани во дуалните паралелки во средните училишта во државата, во месечна висина од 3.500 денари.

Министерката напомена дека  од овие образовни политики бенефит имаат и учениците и компаниите, а со тоа и државата, бидејќи со отворање на соодветни струки се одговара на долгогодишните барања на стопанските комори за образование прилагодено на технолошкиот развој и градење  стручен кадар со соодветни вештини и знаења, кој ќе биде препознаен на пазарот на трудот и ќе може брзо и лесно да се вклучи во современите економски текови.

видео

[ среда, 22 септември 2021 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar