Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Јавен оглас за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2021 година

Јавен оглас за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2021 година

 

Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачка дејност („Службен весник на РМ’ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16), и (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр 257/20 и 163/21) член 3 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање на научно-истражувачки проекти односно програми („Службен весник на РМ“ бр. 82/09, 149/09, 34/11 и 129/13) и Решението за објавување на Јавен оглас за избор на рецензенти бр. 15-13721/1 од 21.09.2021 година, Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, распишува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС

  

за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2021 година

 

              Министерството за образование и наука од пријавените кандидати ќе изврши избор на рецензенти, кои ќе ги рецензираат поднесените предлог - проекти по Конкурсот за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2021 година.

 

            Рецензентите треба да бидат од редот на врвни познати и признати истражувачи со научно, односно наставно-научно звање од соодветното научно поле и  научно подрачје на истражување и да имаат најмалку 7 години работно искуство во областа. Предност ќе имаат рецезенти кои имаат меѓународно искуство.

 

               Рецензентите треба да бидат од следните научни полиња, односно научни подрачја на истражување:

 

 

 

1

Историски науки

2

Археологија

3

Библиотекарство и документација

4

Наука за јазикот (лингвистика)

5

Историја на уметност

6

Наука за книжевност (македонска книжевност, поезија, проза, драма)

7

Биологија и хидробиологија

8

Екологија, лимнологија

9

Етнологија и етногенеза (фолклористика, духовна култура)

10

Музички уметности (етномузикологија)

11

Архитектура

 

 

Избраните рецензенти, пријавените проекти ќе ги оценуваат врз основа на следните критериуми:

 

-       придонес на проектот во продлабочување и проширување на научните знаења;

-       оригиналност на целите и предметот на истражувањето;

-       актуелност, релевантност, иновативност, впечатливост на целите и предметот на истражување;

-       детално разработени цели и активности од проектот со јасни и мерливи индикатори;

-       веројатност во постигнување на очекуваните резултати и можности за примена на резултатите во реална временска рамка;

-       компетентност на главниот истражувач и предложениот истражувачки тим;

-       вклученост и оспособување на млади научно истражувачки кадри;

-       исполнетост на материјално технички и други инфраструктурни услови за реализација на проектот;

-       детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на проектот и оправданост и реалност на трошоците во предложениот финансиски план потребни за реализација на проектот;

-       конкурентност на проектот за меѓународна соработка и

-       релевантност на проектот за меѓународна соработка

 

 

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

- доказ дека имаат повеќе од 7 години работно искуство од областа односно доказ за работа со меѓународни проекти

-изјава од рецензентот дека нема судир на интереси, нема личен интерес, нема да се стекне со материјална или нематеријална корист за него и за негови блиски лица како резултат на неговото учество во објавениот конкурс.

Во постапката за оценување рецензентите треба да се придржуваат кон професионалните и етичките норми (објективност, непристрасност и одбегнување на конфликт на интереси).

            Пријавата за рецензент, уредно пополнета се доставува во:

             Министерството за образование и наука  

             Сектор за наука и иновации

Бул. „Св. Кирил и Методиј “ бр. 54

1000 Скопје

 

 Краен рок за доставување на пријавите е  24.09.2021 година ( 15:30 час)

 

Некомплетни или ненавремено доставени пријави,  нема да бидат разгледувани.

 

 За симнување:

 

Пријавата за рецензент (линк)

 

Оценувачки лист (линк)

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar