Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Стипендии за истражувачки, докторски и постдокторски студии во Швајцарија за академската 2022/2023

Стипендии за истражувачки, докторски и постдокторски студии во Швајцарија за академската 2022/2023

 

Министерството за образование и наука информира дека Федералната комисија за стипендии за странски студенти на Владата на Швајцарија за академската 2022-2023 година ќе додели 20 - 30 стипендии за високо квалификувани млади дипломирани студенти од разни области, со можност истите да го продолжат школувањето на истражувачки, докторски и постдокторски студии на швајцарските реномирани универзитети и институции.

Стипендиите не се однесуваат на специјалистички и постдипломски студии.

Подетални информации за трите вида стипендии, важечки за македонските студенти, може да се најдат подолу во прикачените документи, како и на интернет страницата на Амбасадата на: www.eda.admin.ch/north-macedonia.

 

Огласот е отворен од 1 август 2021  а краен рок за аплицирање е 12 ноември 2021 година преку Амбасадата на Швајцарската Конфедерација во Скопје.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar