Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Конкурс за финансирање на научно-истражувачки проекти од посебен и јавен интерес за 2021 година (поддршка за развој на лабораториски ресурси)

Конкурс за финансирање на научно-истражувачки проекти од посебен и јавен интерес за 2021 година (поддршка за развој на лабораториски ресурси)

 

Врз основа на член 50 став 2 од Законот за научно-истражувачка дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/2008, 103/2008, 24/2011, 80/2012, 24/2013, 147/2013, 41/2014, 145/2015, 154/2015, 30/2016 и 53/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 257/2020 и 163/2021) а согласно Нацрт – записникот од Деведесет и четвртата седница на Владата на Република Северна Македонија со бр.40-8759/1 од 04.08.2021 година, Министерството за образование и наука распишува

 

 

К О Н К У Р С

за финансирање на научно-истражувачки проекти од посебен и јавен интерес за 2021 година (поддршка за развој на лабораториски ресурси)

 

 

Посебен и јавен интерес

Инвестициите во истражувачки инфраструктури бележи многу скромно ниво на трошоци за истражување и развој во споредба со земјите-членки на ЕУ. Сегашната слика е уште полоша со оглед на трендот на опаѓање на инвестициите во истражување и развој во последните неколку години. Тргнувајќи од овие факти, а имајќи ја предвид улогата на научното истражување врз севкупниот развој на државата, се оценува за суштински значајно финансирањето на проекти за развој на лабораториски ресурси како област од посебен и јавен интерес, преку воведување на систем за финансирање за поддршка за развој на лабораториски ресурси и за таа цел обезбедување на поголема распределба на буџетот за истражување и развој што би стимулирале поголеми инвестиции во истражувачки активности.

Иако институциите во голем дел имаат обезбедено пристап до своите лабораториските ресурси за својот истражувачки персонал, повеќето истражувачки институции немаат официјална политика за пристап за надворешни корисници (за истражувачи и едукативни цели) до лабораториските ресурси,  што ќе биде една од дополнителните придобивки што ќе се постигне со финансирање на овие проекти преку воведување на пристапни политики до инфраструктурите за истражување. Воедно со вложување за развој на лаборатриските ресурси ќе се зголеми и потенцијалот за учество во меѓународни истражувачки проекти релеванти за понатамошниот развој на истражувачката инфраструктура и зголемување на придонесот од меѓународната соработка за подигнување на капацитетите и нивото на научните достигнувања врз развојот на земјата.

 

1.Корисници

Министерството за образование и наука распределува средства за финансирање на научно-истражувачки проекти од посебен и јавен интерес за подддршка на развој на лабораториските ресурси на државните универзитети – факултети/научни институти и јавни научни установи – националните научните институти, како самостојни ентитети кои вршат дејност од посебен и јавен интерес за Република Северна Македонија.

2. Проекти од посебен и јавен интерес за поддршка за развој на лабораториски ресурс

Предмет на финансирање со овој јавен Конкурс се проекти од посебен јавен интерес за поддршка за развој на лабораториски ресурси:

2.1.Проекти од проектна линија 1: Поддршка на формалното признавање на компетентност на лабораториите (формалното признавање на оспособеноста за извршување на лабораториски активности или техничката компетентност за лабораториите за тестирање, лабораториите за калибрација и инспекциските тела)

2.2.Проекти од проектна линија 2: Поддршка за одржување на техничката компетентност и воведување на нови аналитички методи

2.3.Проекти од проектна линија 3: Поддршка за модернизација и развој на лабораториски ресурси (набавка на опрема)

 

3. Истражувачки тим

Истражувачкиот тим на научно-истражувачкиот проект треба да е составен од:

-          раководител на проектот кој е носител на проектот и кој е вработен кај корисникот подносител на Пријавата за финансирање на проект;

-          главен истражувач кои воедно може да биде и раководител на проектот со научно односно наставно-научно звање кој е вработен кај корисникот подносител на Пријавата за финансирање на проект;

-          најмалку уште еден истражувач со наставно-научно звање и

-          најмалку два млади истражувачи.

 

4. Критериуми за учество на Конкурс

 

4.1 Изјава за согласност на истражувачите и институциите вклучени во проектот, за нивно учество во проектот.

4.2. Доказ за ко-финансирање (сопствено финансирање или друг извор на финансирање) за проекти од точка 5.3 за кои се бара има обезбедено ко-финансирање. Како доказ за ко-финансирање се приложува:

- Изјава за ко-фининансирање со сопствени средства на правниот субјект и/или правниот субјект што обезбедува друг извор на ко-финансирање, износот на средства обезбедени за ко-финансирање од секој извор посебно (сопствени приходи, други извори) потпишана од подносителот на пријавата (директорот на државниот универзитет-факултет/научен институт односно директорот на јавниот научен институтот) и

- Договор за ко-финансирање, договор за намери, пред-договор или друг документ со наведен износ на ко-финансирање за проектот, потпишан од правниот субјект што обезбедува друг извор на ко-финансирање.

4.3. Согласност потпишана од подносителот на пријавата (раководителот на проектот и деканот на државниот универзитет-факултет/научен институт односно директорот на јавниот научен институтот) дека:

-          за проекти од проектна линија 1, за постапки на акредитација на лаборатории – да обезбеди воведување на систем за компетентност и добивање на сертификат за акредитација во период не подолг од 12 месеци од рокот за започнување на реализација на проектот;

-          за проекти од проектна линија 1, за акредитирани лаборатории – да обезбеди позитивен извештај од формална проверка во период не подолг од 6 месеци од искористување на средствата;

-          за проекти од проектна линија 2 и 3 – да обезбеди воведување на нови аналитички методи  во опсег на акредитација во период не подолг од 12 месеци (за акредитирани лаборатории) и воведување на стандардна аналитичка постапка (за не акредитираните лаборатории) во период не подолг од 6 месеци од искористување на средства;

-          за проекти од проектна линија 2 и 3 – да обезбеди одржување на опсегот на акредитација (за акредитираните лаборатории) или опсегот на аналитички процедури (за не акредитираните лаборатории) во период од најмалку 12 месеци по искористување на средствата;

-          да обезбеди дека максималното учество на авторските хонорари дека ќе изнесува од  2% до 10% од вкупната вредност односно вкупните трошоци на проектот  (вкупната вредност на проектот според финасискиот план за проектот и вкупно направените трошоците на проектот за целосна реализација на проектот финансирани преку Министерството за образование и наука), односно до 10% за проекти со вредност/трошоци до 1.500.000 денари, до 5% за проекти со вредност/трошоци од 1.501.000 – 5.000.000 денари, до 3% за проекти со вредност/трошоци од 5.000.001 – 12.000.000 денари; до 2% за проекти со вредност/трошоци над 12.000.000 денари;

-          до завршување на проектот да обезбеди пристапни политики до инфраструктурите за истражување;

-          до завршување на проектот да обезбеди бесплатен пристап и користење на лабораторијата за едукативни цели според одобрена програма (број на часови на месечно ниво);

-          до завршување на проектот да обезбеди преференцијални цени на услуги (на принцип на покривање само на материјални трошоци) за научно истражувачки и развојни цели во рамки на јавните високо образовни и научно истражувачки установи (важи и за акредитираните и за не акредитираните лаборатории);

-          по завршување на проектот да достави финален извештај (финансиски и наративен дел) за реализацијата на проектот;

-          да направи јавна презентација за реализација на проектот во рок од 30 дена по реализацијата на проектот;

-          да обезбеди проектот со информација за резиме, цели и резултати да биде презентиран на веб-страницата на корисникот подносител на Пријавата за финансирање на проект и Министерството за образование и наука, во рок од 30 дена по реализацијата на проектот;

-          по завршување на проектот во рок од 30 дена да обезбеди изјава дека средствата добиени од Министерството за образование и наука за финансирање на предметниот проект се единствениот извор на средства за плаќање на трошоците за намената за која се префрлени овие средства  како и дека нема неизмирени финансиски обврски за предметниот проект.

 

5. Финансирање

5.1.Финансирањето на проектот ќе се одвива според утврдена динамика и фазите на проектот.

5.2. Времетраење на проектите е до 3 (три) години, сметајќи ја 2021 година за почетна односно прва година за реализација на проектот и 31 октомври 2023 година за краен рок за реализација на проектот.

5.3. Вкупниот износ за финансирање на проект изнесува:

-          до 250.000 денари со средства од Буџетот на Министерството за образование и наука, за проекти од проектна линија 1 - за формални проверки на системи за компетентност, без обврска за обезбедено ко-финансирање (сопствено финансирање или друг извор на финансирање);

-          до 500.000 денари со средства од Буџетот на Министерството за образование и наука, за проекти од проектна линија 1 - за воведување на системи за компетентност, без обврска за обезбедено ко-финансирање (сопствено финансирање или друг извор на финансирање);

-          до 500.000 денари со средства од Буџетот на Министерството за образование и наука, за проекти од проектна линија 2 –за воведување на нови аналитички методи, без обврска за обезбедено ко-финансирање (сопствено финансирање или друг извор на финансирање);

-          до 3.000.000 денари со средства од Буџетот на Министерството за образование и наука, за проекти од проектна линија 2 - за одржување на техничката компетентност и воведување на нови аналитички методи, без обврска за ко-финансирање (сопствено финансирање или друг извор на финансирање);

-          до 6.000.000 денари со средства од Буџетот на Министерството за образование и наука, за проекти од линија 3 со вредност на проектот до 10.000.000 денари со обезбедено ко-финансирање од најмалку 40 % (сопствено финансирање или друг извор на финансирање);

-          до 13.000.000 денари со средства од Буџетот на Министерството за образование и наука, за проекти од линија 3 со вредност на проектот до 20.000.000 денари со обезбедено ко-финансирање од најмалку 35 % (сопствено финансирање или друг извор на финансирање); и

-          до 21.000.000 денари со средства од Буџетот на Министерството за образование и наука, за проекти од линија 3 со вредност на проектот до 30.000.000 денари со обезбедено ко-финансирање од најмалку 30 % (сопствено финансирање или друг извор на финансирање).

Обезбедените средства со ко-финансирање (сопствено учество или други извори на средства) се дел од критериуми по кои се врши оценувањето (бодирање) на проектот, со напомена дека подносителот на пријавата по овој конкурс може да обезбеди ко-финансирање и за проекти од проектна линија 1 и 2, за кои не се бара да се исполни услов за обезбедување на ко-финансирање.

5.4. Прифатливи трошоци за проекти од проектна линија 1:

-          трошоци за консултантски услуги за воспоставување на системите за компетентност (при нова акредитација);

-          трошоци за консултантски услуги за интерно оценување;  

-          трошоци за набавки на референтна документација (стандарди и документација)во регулирана постапка од Институт за Стандардизација на РСМ; и

-          трошоци за формално оценување и проверки во регулирана постапка од Институт за Акредитација на РСМ; и

5.5. Прифатливи трошоци за проекти од проектна линија 2:

-          трошоци за набавка на опрема со помала вредност, наменета пред се за подобрување на аналитичките перформанси, подготовка и чување на примероци, како и контрола на квалитет,

-          трошоци за набавка на еталони и сертифицирани референтни материјали,

-          трошоци за калибрација на опремата,

-          трошоци за сервисирање на опремата.

5.6. Прифатливи трошоци за проекти од проектна линија 3:

-          трошоци за набавка на современа опрема со поголемо научно и апликативно значење

5.7. Прифатливи трошоци за авторски хонорари изнесуваат од  2% до 10% од вкупната вредност односно вкупните трошоци на проектот  (вкупната вредност на проектот според финасискиот план за проектот и вкупно направените трошоците на проектот за целосна реализација на проектот финансирани преку Министерството за образование и наука):

-          до 10% за проекти со вредност/трошоци до 1.500.000 денари,

-          до 5% за проекти со вредност/трошоци од 1.501.000 – 5.000.000 денари;

-          до 3% за проекти со вредност/трошоци од 5.000.001 – 12.000.000 денари; и

-          до 2% за проекти со вредност/трошоци над 12.000.000 денари.

5.8. Министерството за образование и наука, средствата за финансирање на проектот ќе ги одобрува за исплата на државниот универзитет-факултет/научен институт односно јавнатата научна установа врз основа на фактички направени трошоци за реализација на проектот, по доставено месечно барање со прилог финансиски и наративен извештај и документација за фактички направените трошоци за реализација на проектот (барањата се доставуваат најдоцна до 15 во месецот за трошоци направени во предходниот месец).

5.9. Во првата година од реализација на проектот може да бидат одобрени средства во износ од најмногу 20% од вредноста на проектот за трошоци финасирани со средства од Буџетот на Министерството за образование и наука:

5.10. Средствата за финансирање на проектите од Конкурсот се обезбедуваат од Буџетот на Министерството за образование и наука, Раздел 16001, Потпрограма 71-Научно истражувачка работа, ставка 464.

 

6. Постапка и рокови за реализација

6.1.Конкурсот се објавува и трае 45  дена од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање.

6.2. Јавните научни установи доставуваат пријава по Конкурсот за доделување на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти, достапна на веб страницата на Министерството за образование и наука.

6.3.Пријавата се доставува до Комисијата за рангирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2021 година.

6.4.Проектите се оценуваат од независни рецензенти односно соодветни стручни лица избрани од страна на министерот за образование и наука преку јавен оглас.

6.5.Рецензирањето/оценувањето на проектите се врши врз основа на оценувачките критериуми (бодирање) од точка 7 од Конкурсот, во рок од 15 дена по завршување на рокот за пријавување по Конкурсот.

6.6.Комисија за рангирање на научно-истражувачки проекти за поддршка на лабораториски ресурси формирана од страна на министерот за образование и наука составува ранг-листа на позитивно оценетите проекти и изготвува предлог одлука за распределба на средства, во рок од 7 дена од денот на добивање на оценетите проекти од страна на рецензентите или соодветни стручни лица.

6.7.Позитивно оценетите проекти од ранг – листата се доставуваат на мислење до Националниот совет.

6.8.Ранг листата се објавува на веб страната на Министерството за образование и наука.

6.9.Комисијата изготвува и доставува Известување до секој подносител на пријава по Конкурсот, за оценка на проектот кое содржи детално образложение за оценка на проектот и известување за финансирање на проектот односно одбивање за финансирање на проектот, како и други релевантни информации од значење за подносителот на пријавата во врска со проектот и финансирањето на проектот.

6.10.        При изготвување на ранг-листата и предлог одлуката за распределба на средства, предност ќе имаат оние проекти предложени од раководителот на проектот кој се јавува и како главен истражувач на проектот и е директно надлежен за функционалноста на лабораториските ресурси и кој има објавено најмалку еден труд во списание со импакт фактори во последните три години.

6.11.        Одлуката за финансирање на проектите се донесува од страна на министерот за образование и наука, врз основа на ранг-листата на позитивно оценетите проекти, предлог-одлуката за распределба на средства и расположливите средства во Буџетот на Република Македонија.

6.12.        Министерот за образование и наука и државниот универзитет-факултет/научен институт односно јавнатата научна установа потпишуваат договор за финансирање на научно-истражувачки проекти во кој се дефинирани сите обврски од проектот во рок од 7 (седум) дена од денот на донесување на Одлуката за финансирање на проектите.

6.13.        Во текот на реализација на проектот, договорот за финансирање на научно-истражувачкиот проект, може да се измени и дополнува во рамките на одобрените финансиски средства за реализација на проектот утврдени во договорот, до таа мера што нема да има влијае врз резултатите на проектот.

6.14.         За измени и дополнувања на договорот оценува Комисија формирана од министерот за образоваие и наука, по доставено Барање за измена и дополнување на договорот од државните универзитети – факултети/научни институти и јавни научни установи -научните институти.

 

7. Оценувачки критериуми (бодирање)

7.1. Критериуми по кои се врши оценувањето (бодирање) на проектот:

Критериуми за оценување (бодирање)

Максимални бодови

1. Степен на приоритет за финансирање на проектот

15

1.1. Придонес на проектот во продлабочување и проширување на научните знаења

5

1.2. Релевантност на проектот (лабораториските ресурси) во научната област на делување

5

1.3. Детално разработени цели и резултати од проектот со јасни и мерливи индикатори

5

2. Човечки ресурси и компетентност и структура на истражувачкиот тим за лабораториските ресурси

15

2.1. Вклученост на човечки ресурси во активности поврзани со лабораториските ресурси

5

2.2. Компетентност на истражувачкиот тим вклучен во проектот и истражувачко портфолио на истражувачите

5

2.3. Број на лица вклучени во истражувачкиот тим, сметајќи го и раководителот на проектот и вклученост на млади истражувачи

5

3. Потенцијал на проектот за практична примена и достапност на лабораториската инфраструктура во земјата

15

 

3.1. Веројатност во постигнување на очекуваните резултати и можности за примена на резултатите во реална временска рамка

5

3.2. Потенцијал на проектот за обезбедување на сервисни истражувачки услуги за стопанството, јавни институции и државни органи, други инстутуции, правни субјекти и физички лица

5

3.3. Потенцијал на проектот за достапност на лабораториската инфраструктура за надворешни истражувачи, млади истражувачи и достапност за едукативни цели

5

4. Потенцијал на проектот за признавањето на лабораториската инфраструктура и научното влијание на меѓународно ниво

15

4.1. Потенцијал на проектот за соработка со истражувачки институции на меѓународно ниво

5

4.2. Потенцијал на проектот за меѓународни истражувачки проекти, партнерства или договори

5

4.3. Потенцијал на проектот за интеграција во меѓународни или паневропски истражувачки инфраструктури

5

5. Финансирање на проектот

15

5.1. Сопствено учество за финансирање на проектот изразено како процент од вкупната вредност на проектот

5

5.2. Други извори на средства за финансирање на проектот (донација и друго) изразено како процент од вкупната вредност на проектот

5

5.3. Детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на проектот и оправданост и реалност на трошоците во предложениот финансиски план потребни за реализација на проектот

5

7.      Квалитет на апликацијата (опфат и комплетност, суштина, деталност, прецизност и јасност)

10

8. Идеeн план за управување со лабораториските ресурси (формализирање, организираност и долгорочна одржливост за користење на лабораториската инфрастуктура)

15

Вкупни максимални бодови

100

7.2. Позитивно оценети проекти од страна на рецензентите односно соодветни стручни лица, прифатени за понатамошно рангирање се:

-          проектите од проектна линија 1, оценети (бодирани) со најмалку 55 бода;

-          проектите од проектна линија 2,  оценети (бодирани) со најмалку 65 бода;

-          проектите од проектна линија 3, оценети (бодирани) со најмалку 75 бода.

7.3 Комисија за рангирање на научно-истражувачки проекти за поддршка на лабораториски ресурси составува единствена ранг листа на позитивно оценетите проекти.

7.4. Предмет на финансирање ќе бидат оние проекти од ранг листата со најмногу бодови, а бројот на проекти што ќе се финансираат и динамиката на финансирање е во зависност од обезбедените буџетски средства за оваа намена.

7.5. За позитивно оценетите проекти од од рецензентите односно соодветни стручни лица, мислење дава Националниот совет.

 

8.      Оценување на резултатите на проектот

(Евалуација на проектот)

8.1.Во текот на реализација на проектот се доставуваат наративни и финансиски извиештаи за реализација на проектот.

8.2.Евалуацијата на реализираните проекти ја прават најмалку двајца рецензенти односно соодветни стручни лица, од кои еден е рецензентот односно соодветно стручно лице кој го бодувал предлог-проектот. Во случај на спреченост на рецензентот односно соодветното стручно лице кој го бодувал проектот, се избира нов рецензент односно соодветно стручно лице.

8.3.Рецензентите односно соодветните стручни лица даваат оценка за исполнетоста на условите/обврските од согласноста од точка 4.2 од Конкурсот и исполнетоста на дадените податоци и информации од пријавата за критериумите по кои се извршило оценувањето (бодирањето), со особен акцент на финалниот наративен и финансиски извештај, утврдување на опфатот и применливоста на идниот план за управување со лабораториските ресурси и исполнување на обврската за обезбедување на пристапни политики до инфраструктурите за истражување.

8.4.Максималната оценка за остварување на резултатите на проектот изнесува 5.

Независно од оценката за севкупните отварувања на резултатите, доколку при оценка на резултатите од проектот, во финансискиот и наративниот извештај има отстапувања од фактичката состојба, нема иден план или има иден план за управување со лабораториските ресурси со низок квалитет на опфат и применливост и/или не се обезбедени пристапни политики до лабораториските ресурси, оценката на резултатите на проектот не може да биде 3,5 или поголема.

8.5.Рецензентите односно соодветните стручни лица за утврдената оценка даваат детално образложение за истата и наведуваат детални забелешки во случај на остапувања, а задолжително во случај на оценка на проектот со оценка од 3,5 и помалку.

8.6.За забелешките од рецензентите односно соодветните стручни лица, Министерството за образование и наука писмено го известува корисникот за постапување по забелешките во рок од 30 дена по добивање на известувањето од Министерството за образование и наука.

 

9. Доставување на Пријави за Конкурсот

9.1. Пријавите за научно-истражувачки проекти, се доставуваат во пишана форма во Писарницата на Министетрството за образование и наука, на улица „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје,  до 20.09.2021 година најдоцна до 16:00 часот.

9.2. Пријавата и прилозите од точка 4 од овој Конкурс задолжително се доставуваат во коверт, во два примероци, со назнака:

- до Комисијата за рангирање на научно-истражувачки проекти за поддршка на лабораториски ресурси

- Пријава за „Конкурс за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти од посебен и јавен интерес за 2021 година (поддршка за развој на лабораториски ресурси)”

9.3.Пријавите со непотполни податоци и нецелосна документација,  пријави пополнети на несоодветен образец, пријави, прилози и други документи кои не се верификувани со потпис и со печат (како што е означено во пријавата и документите), како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.

9.4. Подносителите на пријавите ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна 30 дена по завршување на рокот за пријавување.

 

9.5. Резултатите од Конкурсот, ќе бидат објавени на Официјалниот веб портал на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar