Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Конкурс за доделување стипендии за академски студии од трет циклус во земјата за академската 2021/2022 година

Конкурс за доделување стипендии за академски студии од трет циклус во земјата за академската 2021/2022 година

 

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 52 од Законот за научно-истражувачка дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/3, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16) и член 7 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри (“Службен весник на Република Македонија” бр. 18/12, 64/13, 98/13, 70/14, 88/14, 74/15, 140/15 и 178/15) и член 2 и 3 од Правилникот за изменување  на правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 166/21), Министерството за образование и наука распишува

 

К  О  Н  К  У  Р  С

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ЗА АКАДЕМСКИ СТУДИИ ОД ТРЕТ ЦИКЛУС ВО ЗЕМЈАТА ЗА АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА

            Министерството за образование и наука за академската 2021/2022 година ќе додели 15 стипендии за академски студии од трет циклус во земјата.

 

 I.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:

            Кандидатот кој ќе конкурира треба да ги исполнува следните услови:

  1. Да има завршено втор циклус академски студии чие вкупно времетраење со првиот циклус не е пократко од пет години и да има постигнат просечен успех од најмалку 8,5 посебно за првиот и посебно за вториот циклус на студии или да има нострифицирано диплома за академски студии од втор циклус стекнати во странство со остварен еквивалентен просечен успех од најмалку 8,50;

2.    Да е запишан на академски студии од трет циклус, прв пат во прва година, односно ја запишал редовно втората година со положени најмалку две третини од предвидените испити од првата година, односно ја запишал редовно третата година, во академската 2021/2022 година, од научното подрачје на природно-математичките науки (биологија, физика, гео-физика, геологија и минералогија, хемија, биохемија, математика и информатика); или на техничко-технолошките науки (електротехника, електро-машинство, електроника и автоматика, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инженерство, хемиска технологија, компјутерска техника и информатика, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, рударство, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија и телекомуникациско инженерство)

  1. Кандидатот да има објавено најмалку 1 (еден) научно-истражувачки труд во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации од научната област на која се однесуваат докторските студии;
  2. Да има 2 препораки од универзитетски професори;

5.    Студиската програма на која е запишан кандидатот да е акредитирана и да има решение за работа;

6.    Да не е корисник на стипендија од други даватели;

7.    Да знае еден од светските јазици;

 

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

·      Пријава;

·      Диплома за завршени академски студии од прв и втор циклус студии и уверение за постигнат успех (заверени на нотар) или нострифицирана диплома за академски студии од втор циклус стекнати во странство;

·         Потврда од високообразовната установа дека кандидатот е примен првпат во прва година на академски студии од трет циклус, односно ја запишал редовно втората година со положени најмалку две третини од предвидените испити од првата година, односно ја запишал редовно третата година, во академската 2021/2022 година, од кога започнува семестарот и колку семестри траат студиите;

·         Копија од најмалку 1 (еден) научно-истражувачки труд објавен во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации од научната област на која се однесуваат докторските студии

·          Уверение-потврда за познавање на еден од светските јазици;

·         Две препораки од универзитетски професори;

·         Своерачно потпишана изјава дека кандидатот не е корисник на стипендија за академски студии од трет циклус од други даватели  (заверена на нотар).

·         Уверение за државјанство;

 

            Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач.

            Потребните документи за доделување на стипендиите за академските студии од втор циклус во земјата може да се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.

           

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА:

            Висината на стипендијата за студии од трет циклус во земјата изнесува 18.000 денари, за 12 месеци во текот на академската година.

            Стипендијата за втората година на студиите продолжува доколку кандидатот положил најмалку две третини од предвидените испити од првата година, односно стипендијата за третата година на студиите продолжува доколку  на кандидатот му е прифатена докторската теза.

 

IV. ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ

            1.    Избраниот кандидат со договор се обврзува дека ќе ги врати доделените средства доколку најдоцна до шест години од потпишувањето на договорот не докторира.

 

V. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ 

            Со овој конкурс ќе бидат опфатени кандидатите кои што имаат запишано студии од трет циклус на студии, односно ја имаат запишано редовно втората година со положени најмалку две третини од предвидените испити од првата година, односно ја имаат запишано редовно третата година, во академската 2021/2022 година.

            *Доколку се пријават поголем број кандидати од предвидените 15 стипендии, Министерството за образование и наука ќе го примени критериумот за прифаќање на кандидатите со повисок просек односно бодирањето ќе се врши по основ на висината на просечниот успех постигнат во првиот и вториот циклус на студии. Во случај на пријавени кандидати со ист просек предност ќе имаат оние кандидати со повеќе научно-истражувачки трудови објавени во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации од научната област на која се однесуваат докторските студии. 

Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mkа доколку апликантите не се во можност да ги достават електронски, истите се доставуваат преку писарницата на Министерството за образование и наука или по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје (со назнака стипендии за академски студии од трет циклус во земјата). Некомплетните документи нема да се разгледуваат.

Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука. лице за контакт: Дарко Томовски, канцеларија бр.1408 или на телефон 02/3140-183.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Сектор за наука и иновации

бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54

 

1000 Скопје

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar