Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Конкурс за доделување стипендии за академски студии од втор циклус во земјата за академската 2021/2022 година

Конкурс за доделување стипендии за академски студии од втор циклус во земјата за академската 2021/2022 година

 

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 52 од Законот за научно-истражувачка дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/3, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16) член 3 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри  (“Службен весник на Република Македонија” бр. 18/12, 64/13, 98/13, 70/14, 88/14, 74/15, 140/15 и 178/15) и член 1 од Правилникот за изменување  на правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 166/21) Министерството за образование и наука распишува

 

К  О  Н  К  У  Р  С

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ЗА АКАДЕМСКИ СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС ВО ЗЕМЈАТА ЗА АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА

            Министерството за образование и наука за академската 2021/2022 година ќе додели 50 стипендии за академски студии од втор циклус во земјата.

 

 I.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:

            Кандидатот кој ќе конкурира треба да ги исполнува следните услови:

1.    Да има завршено академски студии од прв циклус во траење од четири години и постигнат просечен успех од најмалку 8,50 или да има нострифицирано диплома за академски студии од прв циклус стекнати во странство со остварен еквивалентен просечен успех од најмалку 8,50;

2.    Да е запишан на академски студии од втор циклус, прв пат во прва година во академската 2021/2022 година, од научното подрачје на природно-математичките науки (биологија, физика, гео-физика, геологија и минералогија, хемија, биохемија, математика и информатика); или на техничко-технолошките науки (електротехника, електро-машинство, електроника и автоматика, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инженерство, хемиска технологија, компјутерска техника и информатика, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, рударство, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија и телекомуникациско инженерство)

3.    Студиската програма на која е запишан кандидатот да е акредитирана и да има решение за работа;

4.    На денот на конкурирањето да не е постар од 27 години;

5.    Да не е во работен однос  (на определено или неопределено работно време);

6.    Да не е корисник на стипендија од други даватели;

7.    Да знае еден од светските јазици;

 

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

·      Пријава;

·      Диплома за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех (заверени на нотар) или нострифицирана диплома за академски студии од прв циклус стекнати во странство;

·         Потврда од високообразовната установа дека кандидатот е примен првпат во прва година на академски студии од втор циклус во академската 2021/2022 година, од кога започнува семестарот и колку семестри траат студиите;

·          Уверение-потврда за познавање на еден или повеќе од светските јазици;

·         Потврда од Агенцијата за вработување на РСМ дека кандидатот не е во работен однос  (на определено или неопределено работно време)

·         Своерачно потпишана изјава дека кандидатот не е корисник на стипендија за академски студии од втор циклус од други даватели  (заверена на нотар).

·         Извод од матичната книга на родени;

·          Уверение за државјанство;

 

            Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач.

            Потребните документи за доделување на стипендиите за академските студии од втор циклус во земјата може да се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.

           

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА:

            Висината на стипендијата за студии од втор циклус во земјата изнесува 9.000 денари, за девет месеци во текот на академската година на која се запишале студентите.

IV. ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ

            1.    Избраниот кандидат со договор се обврзува дека ќе ги врати доделените средства доколку најдоцна до пет години од потпишувањето на договорот не магистрира.

 

V. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ 

           

*Доколку се пријават поголем број кандидати од предвидените 50 стипендии, Министерството за образование и наука ќе го примени критериумот за прифаќање на кандидатите со повисок просек односно рангирањето ќе се врши по основ на висината на просечниот успех постигнат во првиот циклус на студии. Во случај на пријавени кандидати со ист просек, Министерството за образование и наука предност ќе им даде на оние апликации кои се порано пристигнати.

 

Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mkа доколку апликантите не се во можност да ги достават електронски, истите се доставуваат преку писарницата на Министерството за образование и наука или по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје (со назнака стипендии за академски студии од втор циклус во земјата). Некомплетните документи нема да се разгледуваат.

 

Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука, лице за контакт: Дарко Томовски, канцеларија бр.1408 или на телефон 02/3140-183.

 

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Сектор за наука и иновации

бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54

 

1000 Скопје

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar