Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Конкурс за доделување 70 (седумдесет) стипендии за талентирани ученици од средното образование од областите на природните и техничките науки од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година

Конкурс за доделување 70 (седумдесет) стипендии за талентирани ученици од средното образование од областите на природните и техничките науки од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година

 

Врз основа на член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 166/21), и Решението за распишување Конкурс за доделување 70 (седумдесет) стипендии за талентирани ученици од средното образование од областите на природните и техничките науки од јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година бр. бр.19-11177/1 од 26.07.2021 година, Mинистерството за образование и наука распишува

 

К О Н К У Р С

за доделување 70 (седумдесет) стипендии за талентирани ученици од средното образование од областите на природните и техничките науки од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година

 

Министерството за образование и наука за учебната 2021/2022 година ќе додели 70 (седумдесет) стипендии за талентирани ученици од средното образование од областите на природните и техничките науки од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија, од кои 63 (шеесет и три) стипендии за талентирани ученици од јавните средни училишта во Република Северна Македонија и 7 (седум) стипендии за талентирани ученици од приватните средни училишта во Република Северна Македонија.

 

 I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1. Да се редовни ученици од I, II, III и IV година, кои во текот на претходната учебна година освоиле награда-диплома за поединечно освоено I, II или III место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на науката и техниката;

2. Да имаат постигнат континуиран одличен успех во досегашното образование;

3. Да не повторувале година во текот на образованието;

4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;       

5. Да се државјани на Република Северна Македонија.

 

Критериум за доделување на стипендиите се освоена-и поединечна-и награда-и/диплома-и на меѓународни или државни натпревари.

 

За критериумот освоена награда-и и диплома-и во поединечна категорија на меѓународни или државни натпревари за ученици од I година за освоено I (прво), II (второ) или III (трето) место на меѓународен или државен натпревар од областа на науката и техниката, максималните бодови се утврдуваат на следниот начин и тоа:

I (прво) освоено место на меѓународен натпревар се вреднува со 5 бодови, а на државен натпревар со 4 бодови,

II (второ) освоено место на меѓународен натпревар се вреднува со 4 бодови, а на државен натпревар со 3 бодови и

III (трето) освоено место на меѓународен натпревар се вреднува со 3 бодови, а на државен натпревар со 2 бодови.

 

 

Секоја освоена награда и диплома во поединечна категорија на меѓународни или државни натпревари, се вреднува со дополнителен 1 бод, односно доколку на пример, ученикот освоил прво место на државен натпревар, трето место на меѓународен натпревар и второ место на државен натпревар, се стекнува со 7 бодови (4 бодови за прво место на државен натпревар како услов за оваа категорија на стипендии + 3 бодови за секоја поединечна награда и диплома).

 

Наградите-дипломите каде што нема прецизно утврдено освоено место, односно награди-дипломи и пофалници за учество на натпревари без освоено место, наградите-дипломите кои се освоени пред последната учебна година нема да се земат во предвид.

 

За награди освоени на државно ниво ќе се признаваат само награди доделени од акредитирани здруженија на наставници од страна на Министерството за образование и наука кои организираат натпревари на ученици.

Под меѓународен натпревар се подразбира меѓусебен натпревар помеѓу ученици од најмалку десет различни држави.

Комисијата може да утврди дополнителни критериуми доколку има повеќе кандидати со ист број на бодови.

 

II. НАЧИН И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука. од 01.09.2021 до 15.09.2021 година, од 08-16 часот.

 

Потребните документи за доставување се следните:

  1. Евидентен лист, само за кандидатите што ќе аплицираат хартиено;
  2. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2021/2022 година;

3.     Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение); (кандидатите кои аплицираат електронски, да прикачат скенирани оригинални свидетелства)

4.     Заверени на нотар фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари; (кандидатите кои аплицираат електронски, да прикачат скенирани оригинални награди/дипломи)

5.     Доказ за меѓународниот карактер на натпреварот.

6.     Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија

7.     Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити

8.     Изјава за користење на лични податоци потпишана со цело име и презиме од родител-старател

 

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:

-уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

 

 

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е некомплетна и ненавремено доставена.

 

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 10.10.2021 година на интернет страницата на Министерството.

 

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 20.10.2021 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата. 

 

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно за девет месеци во текот на годината.       

ЗАБЕЛЕШКА: Сите кандидати кои ќе доставуваат документи во хартија задолжително треба да достават и копија од лична трансакциска сметка, во спротивно пријавата нема да биде прифатена.

 

 

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar