Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: Ги слушаме младите и со реформите ги поттикнуваме на критичко размислување

Царовска: Ги слушаме младите и со реформите ги поттикнуваме на критичко размислување

 

Царовска: Ги слушаме младите и со реформите ги поттикнуваме на критичко размислување

 

Младите гледаат на светот на поинаков начин и од различна перспектива од возрасните. Затоа е важно креаторите на политики и оние кои носат одлуки, да го слушнат нивниот глас. Но, анализите покажуваат дека младите се чувствуваат обесхрабрени затоа што не веруваат дека на властите им е важно нивното мислење. Токму тоа е еден од приоритетите со реформите што ги правиме во образованието, да ја поттикнеме гласноста на учениците, но таа да биде заснована на критичко размислување и носење на заклучоци врз основа на анализа на факти, рече министерката за образование и наука Мила Царовска обраќајќи се на хепенингот „Остани гласен/а! Твоето мислење е важно“ во организација на УНИЦЕФ, чијашто главна цел е да го разбуди општеството и институциите за потребите на младите.

„Ќе ја зајакнеме самодовербата на младите и ќе ги научиме да се борат за своите права од најмала возраст, а со тоа заеднички ќе придонесеме за создавање и градење на подобро општество за сите нас. Мора да ја промениме сликата на млади кои се незаинтересирани за општествените случувања, дури и кога се однесуваат директно за нив. Затоа сме фокусирани на крупни промени во образованието, како најдобар механизам преку кој се влијае на начинот на размислување и однесување на младите“, нагласи Царовска.

Министерството за образование и наука во младите гледа сериозен партнер во носењето на сите важни одлуки поврзани со младите. Министерката укажа на личната заложба за формирање на работната група МЛАДИ-МОН која ги дискутира сите политики, мерки и процеси кои се однесуваат на младите,  образованието и младинскиот стандард.

Царовска посочи дека младите најдобро знаат што им е потребно и затоа Министерството за образование и наука е отворено за нивните иницијативи, идеи и предлози.

[ четврток, 15 јули 2021 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar