Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: Свети Николе добива современо стручно училиште и подобри услови за сместување на учениците

Царовска: Свети Николе добива современо стручно училиште и подобри услови за сместување на учениците

 

Царовска: Свети Николе добива современо стручно училиште и подобри услови за сместување на учениците

 

Со инвестиција од 25 милиони денари од Министерството за образование и наука Свети Николе ќе добие современо стручно училиште, но и многу подобри услови за сместување на учениците кои доаѓаат овде да го завршат своето средно образование. Ова го рече министерката за образование и наука Мила Царовска која денеска заедно со градоначалникот Сашо Велковски го посетија СОУ „Кочо Рацин“, каде што во тек е целосна реконструкција на училишната зграда и ученичкиот дом кој функционира во состав на истото.

„Со оваа капитална инвестиција покрај тоа што обезбедуваме одлични услови на учениците за одвивање на наставата, истовремено ги поттикнуваме да се запишуваат во средното стручно образование кое нуди можности за побрзо вработување. Стручните кадри се од суштинско значење за успешно функционирање и напредок на компаниите и за таа цел МОН продолжува во соработка со локалните самоуправи и стопанските комори да го јакне и унапредува стручното образование“ изјави министерката.

Царовска посочи дека освен воведување на квалитетни и современи наставни програми со кои го јакнеме средното стручно образование, изминатиот период забрзано се работи на подобрување на условите во училиштата, преку проширување изградба, реконструкција и опремување со современи кабинети и опрема на училишните згради.

Процесот на реконструкција на училиштето и ученичкиот дом е започнат кон крајот на април годинава и е предвидено да заврши во текот на октомври 2021 година.

Со реконструкцијата се опфатени обновување на електрична инсталација, внатрешно уредување на собите, тоалети, прозори, врати, подови, кров, канализација, водоинсталација и парно греење во домот, како и  реконструкција на кровот и училниците.

[ четврток, 15 јули 2021 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar