Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: Ќе има учебници за идната учебна година

Царовска: Ќе има учебници за идната учебна година

 

Царовска: Ќе има учебници за идната учебна година

 

Ќе има учебници за идната учебна година и учениците нема да останат без наставни материјали, вели министерката за образование и наука Мила Царовска во разговорот за 360 степени, откако во првиот процес на преговарање со издавачите не беше направен откупот поради нецелосна документација.

„Ние ќе почнеме втор процес на преговарање и сигурна сум дека ќе стигнеме до одредени заеднички решенија утврдувајќи ги сите факти и аргументи на маса кои Комисијата ги добила како информација. Во интерес на учениците, учебници ќе има и учебници има во системот, ние дополнуваме дидактика и одреден процент на учебници“, рече Царовска. 

Министерката истакна дека е значајно што целиот овој процес на откуп на учебници се води транспарентно и за првпат МОН ги бара одобренијата.

„Сите овие работи сега се на виделина и значајно е самите издавачи да ги знаат и да ги имаат и од друга страна МОН конечно да има информација дали има или нема одобренија (ендорсмент за Кембриџ), но и да ги има ендорсментите во своите архиви што не беше случај до денеска“, рече Царовска.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar