Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: Нема подобра алтернатива за државата од вложувањето во квалитетно образование на младите

Царовска: Нема подобра алтернатива за државата од вложувањето во квалитетно образование на младите

 

Царовска: Нема подобра алтернатива за државата од вложувањето во квалитетно образование на младите

 

На сите ни е јасно дека немаме алтернатива освен да вложуваме во квалитетно образование и квалитетна едукација на младите, да вложуваме во млад човечки потенцијал кој ќе биде предводник на државата во иднина. И тоа ми дава верба дека одиме во добар правец и дека за 5-6 години ќе можеме да се гордееме со плодовите од нашата работа, а тоа ќе бидат создадените нови генерации, подготвени да одговорат на предизвиците на новото време. Ова го истакна министерката за образование и наука за време на денешната посета на основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари, општина Кочани, по повод инвестициските зафати во училиштето.  Министерката претходно беше во посета и на СОУ “Љупчо Сантов”, ОУ Св. “Кирил и Методиј” и ОУ “Малина Попиванова” во Кочани кадешто изминатиот период МОН, поддржа инфраструктурни проекти за подобрување на условите за настава.

 

„Лично сметам дека во моментов во нашето општество како никогаш досега се зборува за промени во образованието и постои сплотеност помеѓу сите општествени чинители и заложба за истите да се случат, да бидат час поскоро реализирани”, рече Царовска. Таа додаде дека кога постои сплотеност, идентична идеологија, визија и заложба и кај општинските власти и кај Владата, но и кај граѓанскиот сектор и граѓаните, тогаш поставените цели многу полесно се остваруваат.

 

Министерката нагласи дека покрај вложувањето во нови наставни програми и материјали за учење, како и влог во обука на наставниот кадар, инвестициите во унапредувањето на образовната инфраструктура се исто така суштински услов за подигнување на стандардите за квалитет на севкупниот образовен систем.

 

„И токму затоа, МОН двои сé повеќе средства за оваа намена, а како дел од инвестицискиот план за тековната учебна година беше предвидено и ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари каде со 4 милиони денари се замени кровната конструкција и се излезе во пресрет на барањето на раководството и општината за поддршка на локалните политики за унапредување на условите во училиштата“, изјави Царовска, изразувајќи пофални зборови за локалната самоуправа во Кочани, која, како што рече, многу често самостојно презема иницијативи за инфраструктурни зафати и наоѓа начини како истите да ги реализира.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar