Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: Инвестираме во инфраструктура, наставни програми и материјали како и во наставниците

Царовска: Инвестираме во инфраструктура, наставни програми и материјали како и во наставниците

 

Царовска: Инвестираме во инфраструктура, наставни програми и материјали како и во наставниците

 

Новата Концепција ќе почне да се спроведува од септември и очекуваме за пет до шест години да постигнеме подобри образовни резултати, паралелно инвестирајќи во трите компоненети: инфраструктура, наставни програми и материјали како и во наставниците, коишто во континуитет треба да бидат обучувани, затоа што со години биле оставени сами, рече министерката за образование и наука Мила Царовска одговарјќи на новинарско прашање при обиколката на инфраструктурните зафати во ОУ „11 Октомври“ во општина Центар.

 

Министерката нагласи дека се прави она што со децении било заборавено - да се реновира, санира и инвестира во училиштата за да се добијат современи стандарди за учење.

 

„Со години како држава сме заборавиле да инвестираме во училишната инфраструктура. Се инвестирало во споменици, во други приоритети, заборавјќи дека најголем потенцијал што го имаме се луѓето. Учениците поминуваат низ образовен систем, за понатаму да бидат продуктивни граѓани кои ги почитуваат граѓанските вредности, но исто така и да знаат да се справуваат со сите предизвици коишто ги носи современото време“, изјави Царовска.

 

Со новата Концепција за основно образование, ученици ќе стекнуваат знаења и вештини преку системи коишто се светски познати, кадешто интеграцијата на содржините и на информациите ќе ги носи кон одредени заклучоци, ќе ги насочува кон преиспитување и истражување.

 

„Сметам дека реформата не е избрзана, е задоцнета. Ако ова сме го направеле пред десет години, денеска немаше да бидеме многу ниско на сите меѓународни тестирања. Тоа укажува не дека нашите деца не можат да научат, туку дека системот по кој ние ги учиме, не е соодветен, затоа што меѓународните тестирања бараат поврзување на знаењата од различни научни дисциплини и доаѓање до одреден заклучок. Нашите ученици не се припремени за ваков тип на соочување со предизвиците на новото време“, одговори Царовска.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar