Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Конкурс за доделување на стипендии на ученици со попреченост запишани во прво одделение во учебната 2021-2022 година (во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“)

Конкурс за доделување на стипендии на ученици со попреченост запишани во прво одделение во учебната 2021-2022 година (во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“)

 

Конкурс за доделување на стипендии на ученици со попреченост запишани во прво одделение во учебната 2021-2022 година (во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“)

 

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“ го реализира Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието и со финансиска поддршка од Европската Унија. Проектот има за цел да придонесе кон целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта, кои прераснуваат во безбедни средини што се отворени и пристапни за сите деца и посветени да обезбедат квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби.

Една од главните активности на Проектот е доделување стипендии на деца со попреченост, чија цел е да се пружи поддршка на семејствата на децата со попреченост во надминување на трошоците поврзани со нивното школување, училишни материјали, специјализирана опрема, воннаставни активности, асистенти за помош/едукација, трошоци за терапија, транспортни трошоци или други слични специфични потреби, а воедно да се поддржи процесот на проактивно и засилено запишување на ученици со попреченост во редовните училишта.

Во текот на учебната 2020/2021 година, проектот обезбеди стипендии на 322 деца со попреченост кои се запишаа и редовно посетуваа настава. Проектот ќе ја продолжи поддршката на овие стипендисти, но и ќе овозможи дополнителни стипендии за нови 150 ученици со попреченост запишани во прво одделение во учебната 2021/2022 година.

Повеќе информации за конкурсот за доделување на стипендиите може да се обезбедат на следниот линк

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar