Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Наставниците со поддршка за промените во образованието: новите наставни програми ни обезбедуваат поголема автономија во организирањето на часовите

Наставниците со поддршка за промените во образованието: новите наставни програми ни обезбедуваат поголема автономија во организирањето на часовите

 

Наставниците со поддршка за промените во образованието: новите наставни програми ни обезбедуваат поголема автономија во организирањето на часовите

 

Со новата програма, со новата концепција која што ќе почне од следната година, мене како наставник ми овозможува освен што ќе имам слобода и креативност, да имам повеќе време да се посветам на часовите и наставата. Зошто? Затоа што нема да се мислам за содржините коишто се од самите книги, туку ќе имам поголема слобода да го побарам тоа од други ресурси и од други извори.

 

Ова е ставот на наставничката Елена Масторидис од основното училиште „Лазо Трповски“ во општина Карпош за промените во основното образование кои се воведуваат во новата учебна година.

 

„Можам да истражувам, да дадам нови содржини, можам заедно со моите ученици да барам повеќе материјали за да им биде и на нив поинтересно во училница. Можам да давам повеќе стихотворби и текстови коишто се за таа тема“, вели Масторидис, која во областа на образованието работи повеќе од 30 години.

 

Таа смета дека слободата и креативноста која ја добиваат наставниците со промените, значат организирање на поинтересни активности за учениците.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar