Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија (МЕХТ) ги повикува потенцијалните кандидати од Република Северна Македонија да се пријават за:
1) Истражувачка студентска програма и
2) Додипломска студентска програма.
Повикот за аплицирање на македонски, англиски и и албански јазик можете да го најдете на веб страницата на јапонската амбасада во Скопје:
https://www.mk.emb-japan.go.jp/itpr_ja/11_000001_00128.html
Повеќе информации за тоа како да се пријавите за програмите можете да најдете на следниве линкови:
1) Истражувачка студентска програма
https://www.studyjapan.go.jp/jp/smap_stopj-applications_research.html
2) Додипломска студентска програма
https://www.studyjapan.go.jp/jp/smap_stopj-applications_undergraduate.html
Оригиналната документација треба да ја доставите до Амбасадата на Јапонија во Скопје, на адреса: „Филип Втори Македонски“ 3, Соравиа Центар, кат 6, 1000 Скопје, најдоцна до 25 мај 2021 година. Селектираните кандидати ќе бидат контактирани за тестирање и интервјуа кои се предвидени да се одржат во средината на месец јуни 2021 година.
За дополнителни прашања во врска со програмите и повеќе информации за начинот на аплицирање, можете да стапите во контакт со Амбасадата на следниот e-mail: info@sk.mofa.go.jp или на телефон (+389-2-3118-063).