Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: За прв пат обезбедуваме инклузивни учебници, достапни и за учениците со оштетен вид

Царовска: За прв пат обезбедуваме инклузивни учебници, достапни и за учениците со оштетен вид

 

Царовска: За прв пат обезбедуваме инклузивни учебници, достапни и за учениците со оштетен вид

 

 

Новините кои обезбедува и предизвиците кои ќе ги надмине новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали кој на предлог на МОН неделава беше усвоен од страна на Владата, беа главна тема на разговор за време на гостувањето на министерката за образование и наука Мила Царовска во вестите на ТВ Сител.

 

„Новиот закон освен што ќе овозможи да има избор на учебници што ќе се користат во наставата по секој предмет, за прв пат овозможува самите учебници да се инклузивни. Тоа значи дека секоја книга што ќе ја имаме во хартиена верзија, да има и аудио верзија, а МОН ќе може да ја печати и на Брајово писмо за децата со оштетен вид, што досега не беше пракса“, рече Царовска, додавајќи дека инклузивноста е еден од приоритетите за кој интензивно ќе се залага за време на нејзиниот мандат како министерка за образование и наука.  

 

Царовска нагласи со новото законско решение, ќе се обезбедуваат квалитетни учебници и современа дидактика со што значително ќе се унапреди и квалитетот на наставата во земјата и дека особено е важно што конечно фаќаме чекор со процесот на дигитализација на учебниците, кој во голем број развиени земји во светот е одамна започнат, а ние како земја во развој се трудиме да ги достигнеме стандардите кои современиот свет ги поставува.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar