Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јавен повик за покривање на трошоци за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар во текот на 2021 година од областа на математиката, информатиката и природните науки

Јавен повик за покривање на трошоци за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар во текот на 2021 година од областа на математиката, информатиката и природните науки

 

Врз основа на член 45 став (6) од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19 и 229/20) и Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за покривање на трошоците за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 49/20), Министерството за образование и наука објавува

 

Ј А В Е Н    П О В И К

за покривање на трошоци за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар во текот на 2021 година од областа на математиката, информатиката и природните науки

1. Услов за учество

         На Јавниот повик за покривање на трошоци за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар во текот на 2021 година од областа на математиката, информатиката и природните науки може да поднесат барање акредитирани здруженија на наставници од страна на Министерството за образование и наука.

            Под меѓународен натпревар се подразбира натпревар на кој учествуваат ученици од најмалку десет различни држави, на кој се споредуваат знаењата помеѓу учениците од различните држави, се врши рангирање на најдобрите ученици од сите земји кои учествуваат.

            Министерството во текот на една година ќе ги покрие трошоците за учество (котизација и пат) на еден меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните наука, за најмногу шест ученици и најмногу три ментори, чија бројка зависи од правилата на организаторите на меѓународниот натпревар.

2. Начин, потребна документација и рок на пријавување

            Акредитираното здружението на наставници, до Министерството поднесува барање со следната документација во прилог и тоа:

-        Решение за акредитација на здружението на наставници за организирање на натпревари за општинско, регионално и државно ниво

-        известување за извршен избор на учениците кои ќе учествуваат на меѓународниот натпревар и податоци за истите,

-        известување за ментори на учениците кои ќе учествуваат на меѓународниот натпревар и податоци за истите,

-        известување од организаторот на меѓународен натпревар за висината на котизацијата за учество на натпреварот,

-        пресметка за висината на патните трошоци и

-        Доказ (потврда, покана, електронски сајт и друго) за правилата на организаторите на меѓународниот натпревар каде се наведени правилата за учество на меѓународниот натпревар, меѓу кои и податокот за бројот на учесници на секоја делегација.

(симни Образец на Барањето)

            Барањето со прилог документите може да се доставуваат секој работен ден до Министерството за образование и наука (во писарницата на Министерството за образование и наука) или преку пошта на следната адреса: бул. „Св.Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, со назнака „Јавен повик за покривање на трошоци за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар во текот на 2021 година од областа на математиката, информатиката и природните науки“, најдоцна до 31.10.2021 година.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar