Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН: Започна етапно вакцинирање на наставниот кадар

МОН: Започна етапно вакцинирање на наставниот кадар

 

МОН: Започна етапно вакцинирање на наставниот кадар

 

Започна вакцинацијата на наставниот кадар во основното образование од прво до трето одделение, како дел од масовното вакцинирање во салата „Борис Трајковски“. 

Вакцинацијата на наставниците започна од вчерашниот ден и продолжува во наредниот период. Станува збор за етапно вакцинирање при што од страна на здравствените работници се повикуваат наставниците со однапред закажан термин и час. Министерството за образование и наука апелира наставниците да се пријавуваат за вакцинација со цел побрзо сузбивање на корона вирусот.

Состојбата во образование со корона вирусот е стабилна и хибридниот модел на настава кој се применува се покажа како ефективен за заштита на учениците и наставниците од ширење на Ковид во училиштата. 

Во овој период на територија на целата држава има 57 инфицирани ученици и 130 наставници кои следат и изведуваат настава со физичко присуство, што е исклучително ниска бројка. Процесот на вакцинација заедно со почитувањето на мерките засега е единствениот начин да ја намалиме трансмисијата во државата вклучително и образовните институции.

[ четврток, 08 април 2021 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar