Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

  / Вести и настани / Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

 

Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност (Slovak National Mobility Programme).

Повикот се однесува на студиски престој на странски студенти, студенти на докторски студии, универзитетски професори, истражувачи и уметници на словачките високообразовни институции и истражувачки организации, за академската 2021/2022 година.

Деталните информации и услови за стипендиите се објавени на веб страницата www.stipendia.sk и www.scholarship.sk

Апликациите треба да бидат доставени електронски на веб страницата: www.scholarship.sk, најдоцна до  30 април 2021 година,  до 16:00 часот по централно европско време.

За дополнителни информации може да се обратите директно до:

Ondrej Aradský, e-mail: ondrej.aradsky@saia.sk

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar