Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за доделување на 7 (седум) стипендии за студирање на Руската Претседателска Академија за Национална Економија и Јавна Администрација (РАНЕПА) во Москва за академската 2021/2022 година, објавен од страна на Македонија2025.
Според видот и областите на студии, се доделуваат:
- две (2) стипендии со целосна школарина за додипломски студии по европски бизнис, јазик и култура (4 годишни студии)
- две (2) стипендии со целосна школарина за магистерски студии по глобално лидерство (2 годишни студии) и
- три (3) стипендии со делумна школарина (50%) за магистерски студии за управување со проекти (2 годишни студии).
Краен рок за аплицирање: 25 март 2021 година.
РАНЕПА е најдобра Бизнис школа во Русија со национална и меѓународна акредитација, која според последните рангирања (во 2020 година) на универзитетите во Русија се наоѓа на 4-тото место.
Повеќе информации за стипендиите може да се најдат на следниот линк: https://www.macedonia2025.com/archives/dont-miss-the-opportunity-to-study-in-an-international-environment-macedonia2025-provides-scholarships-at-ranepa/